Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.04.2017, 10:23

РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски

Во галеријата Даут-пашин амам беше врачена наградата „Роман на годината“ за 2016 година на Давор Стојановски за книгата „Собирачи на пепел“, во издание на „Или-или“.

Награда што ја доделува „Утрински весник“, а Стојановски беше избран за нејзин годинашен добитник од жирито во состав Петар Андоновски, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Маја Бојаџиевска, Нове Цветаноски и Катарина Богоева.

Генералниот директор на „МПМ Македонија“, д-р Срѓан Керим во обраќањето рече дека вредноста на еден роман сосем извесно не се мери ни според неговата должина, ниту пак според наративот што писателот го одбрал за да комуницира со публиката.

роман_на_годината_за_2016_давор__22_.јпг

- Идејата и мислата затскриени во четивото се основното мерило за оценка на неговата вредност односно неговата движечка сила. Давор тоа го сфатил и затоа не води на непретенциозен и тивок начин низ животното патешествие на Јаков. Тој ни сугерира дека тежнеењето по котва „во разбрануваниот тек на времето“ е потреба на секој од нас. Но, го остава отворено прашањето каде и како да се дојде до вистинската котва. Давор е отворен. Тој вели:„Намерно ја одбрав неизвесноста, намерно се одлучив некои работи да останат недопрени. Тука и доаѓаме до главната поента: Што е мисијата на „Собирачите на пепелот“? Да го отворат патот за нов Феникс, или да го фрлат пепелот во неповрат бидејќи Феникс и онака нема да се појави. Давор всушност ни го прикажува на свој, оригинален начин Контрапунктот на Феникс - рече д-р Керим.

Стојановски писател од младата генерација и е 18-ти лауреат на оваа книжевна награда што ја доделува „Утрински весник“.

- Пред да го почнам пишувањето на овој роман, си го поставив прашањето: ШТо ако еден ден се враќаш дома и начекаш променета брава и твојот клуч не функционира повеќе? Пото, што кога ќе застанеш пред својата куќа и се обидеш да се надвикуваш себе си внатре? На крајот што кога ќе се одлучиш наеднаш да се разединиш во она што ти е извесно и целосно податливо, а постојното и знајното да го претвориш во неизвесност каков што е погледот фрлен врз пепелта која само сведочи за некој живот и само знаеме дека постоел, но не сме сигурни во каков облик. И така настана овој роман - рече Стојановски во своето обраќање.


Текстот е прочитан 553 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter