Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.03.2017, 14:10

Девојките од Кузман Вардар во Јуниор лигата гледаат можност за напредок

Вардар секогаш се стреми во своите редови да ги има најдобрите, најталентираните и најперспективни играчи.

Селекциите на Вардар секогаш се отворени за оние што во текот на годината ќе покажат напредок и отскокнуваат од другите според своите квалитети, а Ракометната Академија е местото од каде се црпат идните членови на подмладокот, што потоа треба да ги пополнуваат и сениорските екипи.

Секоја година се прави евалуација на напредокот на играчите и врз основа на нивните настапи се прави селекцијата за следната година. Честопати од натпреварувачите во Вардар Јуниор лигата слушаме дека условите за тренинг кои ги имаат нашите млади вардарци, се целта до која сакаат да стигнат. Но, во лигата среќаваме и деца кои имале можност да бидат дел од селекциите.

За тоа искуство разговаравме со Кристина Ристовска и Александра Марковска од екипата на Кузман Вардар 2000/01 година. Тие минатата години биле дел од селекциите на Вардар, а пораката која сакаат да ја пренесат е дека никогаш не треба да се откажеш и треба да се трудиш да напредуваш.

Според Александра Марковска причините да излезеш од селекциите се разни, понекогаш тоа е стагнација во формата, повреда или нешто друго, но важно е да се обидеш да се вратиш.

    „Ракомет тренирам 9 година, а почнав во клубот Универс во Гостивар каде се натпреварував со повозрасни категории од мене. На 11 годишна возраст почнав да играм во прва лига на Македонија. Подоцна ми се укажа можност и една година бев во Вардар, но поради различни проблеми со повреди и друго, испаднав. Сега сум во Кузман Вардар, но ќе се обидам со с? што можам да се вратам назад во Вардар селекцијата. Вардар многу се грижи за младите категории, можеш да просперираш во ракометот, да се докажуваш и на домашна сцена и надвор, а условите за тренинг и за едукација како ракометари се одлични. Како помлади категории треба да се обидеме да ги искористиме до максимум", вели Александра која во ракометот се вклучила по примерот на нејзиниот идол Филип Миркуловски.



Александра има искуство како е да се натпреваруваш со постари и кои се предностите кои ги дава Вардар Јуниор лигата за младите.

    „Во Гостивар немаше вака добри услови за натпреварување. Јас имав 11 години, но морав да играм со 25-26 годишни девојки за да се докажувам. Играв и натпревар со моите идоли Ана Ѓокиќ и Андреа Лекиќ. На почеток на натпреварот имав позитивна трема. Но, освен што се врвни играчи, тие се и прекрасни луѓе и на крајот од натпреварот ми ги посочија и грешките. Ми дадоа многу поддршка зашто бев многу помлада, и играв со возрасни. И тоа ми е мотив дека еден ден ќе можам да заиграм рамо до рамо со нив. Одговорноста, пак, кога играм со сопствената генерација е поголема. Сметам дека тука можам да бидам еден од столбовите на игра, сега во Кузман Вардар, а се надевам во иднина и во Вардар. Рамноправно сум вклучена во тимот и сум дел од играта, а кога играв со постарите се случуваше да шутнат, а мене понекогаш и да не ме забележуваат", вели Александра.

Девојките од Кузман Вардар 2000/01 годиште тренираат со Стефан Петровски и Александар Савов, како и со Александра Кузмановска.

Кристина Ристовска ракомет тренира 4 години, а ова и е прва година како учествува во Вардар Јуниор лигата за која вели дека е одлична можност за младите да го покажат својот талент.

    „Почнав да тренирам во 2012 година во школата на Кастратовиќ Вардар со тренерот Зоран Кастратовиќ. Таму бев една година, а потоа две години во селекцијата на Вардар и годинава сум во Кузман Вардар. Ракометот го одбрав зашто е колективна игра, односно имаш можности да стекнуваш нови другарства, како и затоа што те турка да целиш погоре кон скалата на успехот. Ме мотивира да бидам поамбициозна и како личност и како спортист, и да имам повеќе самодоверба во себе. Токму и желбата да се истакнам, да бидам подобра од оние кои играат на мојата позиција, да ја поправам секоја моја грешка и да бидам уште подобра е мојата најголема мотивација на еден натпревар", вели Кристина која игра на позицијата десен бек.


Текстот е прочитан 447 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter