Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.03.2017, 17:25

ЦЕЦА РАЖЊАТОВИЌ ВИКЕНДОВ ОДРЖА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Концертен транс по Цеца

Скопскиот концерт на балканската фолк-ѕвезда, Цеца Ражњатовиќ, кој завчера вечер се одржа во ВИП-арената "Борис Трајковски" може во еден збор да се опише како колективен транс. Преполно до последно место, расположение до даска, песни што се пеат наизуст...

Српската фолк-пејачка го започна концертот во 22:30, а дотогаш предгрупата "Инструментал бенд" ја загреваше публиката. Од почеток до крај, Цеца во исклучителна интеракција со публиката, држеше темпо заради кое сè беше кренато на нога. Се пееја рефрените во еден глас со раце во воздух кои држат такт, во наплив на емоции и алкохол за добро расположение, па дури и девојки качени на раменици на своите сакани. Фолк-ѕвездата го промовираше новиот албум "Автограм", пеејќи по една нова песна, помеѓу две стари.



"Кукавица", легендарната "Белграде" (Београде), за која од публиката доби српско знаме, а подоцна и македонско, преку "Манта, мата", до "Громе мој"... На песната "Маскарада", ги побара телефоните да светат, додека таа со нејзиниот ја снимаше публиката, велејќи: "Снимкава ја праќам во Белград, а од таму ќе ја види цел свет".
И во целиот тој концертен транс, добра заработка имаа и продавачите на црвени срце балони, венчиња за коса со панделки кои светкаат, а тука беше и цвеќарката со рози...
Концертот на Цеца ги оправда очекувањата. Во преполната арена цели два часа публиката уживаше во познатите хитови, но и во новите песни. А.Георгиев

Фото:О.Теофиловски


Текстот е прочитан 5301 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter