Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.03.2017, 13:17

За мерката „самовработување со грант“ досега 1.175 апликации

За мерката „Самовработување со добивање грант“ досега се поднесени над 1.175 пријави од невработени кои сакаат да почнат сопствен бизнис, за отворање бизнис со „кредитирање“ има 35 апликации, а за „практикантство“ над 700 пријави, информира директорката на скопскиот Центар за вработување Слободанка Алексовска.

При посетата на компанијата М-СТЕЕЛ ДОО Скопје во општина Гази Баба, корисник на мерките на Агенцијата, Алексовска оцени дека работодавачите имаат зголемена доверба кон овие мерки, а невработените сакаат да учествуваат во нив и да добијат соодветна обука и работа.

- М-СТЕЕЛ е пример за успешна компанија која преку мерката „Македонија вработува“ и „Млади до 29 години“ има вработено 11 од вкупно 43 работници. Преку „Македонија вработува 2“ досега се вработени над 5.080 лица, а заедно со Македонија вработува 1 и мерката за млади до 29 години, над 24.000 лица дошле до работно место, изјави Алексовска.

Извршниот директор на М-СТЕЕЛ Лук Слабинг најави дека планираат да го прошират производството и бројот на вработени да достигне 100.

- Пред две години почнавме со шест вработени, а сега веќе стасавме до 43 со помош на Владата. Имаме планови за натамошна експанзија на друга локација и да ангажираме 100 вработени во наредните пет години. Се надеваме да продолжиме со натамошна експанзија во општина Гази баба, изјави Слабинг.

Според градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, невработеноста во оваа општина за десет години е намалена за 57 проценти. Тоа, посочи, е благодарение на тоа што индустриските капацитети ги шират своите потенцијали, го зголемуваат бројот на вработени и се отвораат нови.

Како што информира Трајковски, во Гази Баба интензивно се работи на почнување постапка за лицитарање за градежно земјиште во новата индустриска зона во близина на Инџиково, а во завршна фаза е и на следната седница на Советот треба да биде усвоен деталниот план за комплексот „Рудници и железарница“. - Во комплексот има голем број фирми и има најава од една компанија во следните пет години да отвори нови 600 работни места. Веруваме дека уште годинава ќе почне со изградба, а следната година и да почне производството, изјави градоначалникот Трајковски.


Текстот е прочитан 640 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter