Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.04.2017, 13:24

Приведен осомничениот за грабежот во НЛБ Банка

Полицијата го приведе и со кривична пријава го предаде на Основното јавно обвинителство Б.А. (40) од Скоје кој завчера изврши грабеж во НЛБ Банка во Скопје. Од страна на судија на претходна постапка на Б.С. му е определена мерка притвор од 30 дена.

Тој се сомничи дека како трезорист во НЛБ Банка, сукцесивно во повеќе наврати извршил кривично дело „затајување“, предвидено и казниво по член 353 од Кривичниот законик, со што противправно се стекнал со имотна корист од 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра, износ со кој ја оштетил НЛБ Банка.

Како што информираат од МВР, Б.С.како вработен на работно место трезорист во Служба за трезорско работење (работа со готовина и депо во НЛБ Тутунска банка АД Скопје), искористувајќи згодна прилика и познавајки го процесот на работа, во време кога во трезорот имало намалена френквеција на вработени лица, незабележан од никого во периодот 6 април до 10 април 2017 година ги присвоил за себе горенаведените парични средства.

Првиот износ го затаил од пратка на износ од 1.000.000 швајцарски франци на тој начин што од вкупниот износ пред испраќање на средствата по авионски пат, извадил едно врзопче со 100 банкноти во апоени од 1.000 швајцарски франци (100.000 франци) кои ги присвоил за себе.

Вториот износ го затаил искористувајќи погодна прилика при што незабележан од никого во неколку наврати првично противправно присвоил 375.000 евра готовински парични средства од трезор, а потоа и 300.000 швајцарски франци кои му биле доверени согласно работните задолженија во НЛБ Банка.

На 10 април 2017 година, соочен со фактот дека е невозможно да изврши раздолжување со настанатиот кусок на парични средства присвоени од негова страна, свесно извршил дополнително присвојување на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра од девизниот трезор, при што истите ги ставил во украсна ќеса и околу 13 часот незабележан од никого ја напуштил НЛБ Банка упатувајќи се во непознат правец.

Од страна на одговорни лица од НЛБ Тутунска банка кривично правниот настан е пријавен во Единицата за известување и команда, а од страна на полициски службеници од единицата АЛФА, Б.С. е пронајден и лишен од слобода.

Врз основа на издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на Основен суд Скопје-1 Скопје и извршени претреси на локации во Скопје, како и извршени разговори со одговорни лица во НЛБ Тутунска банка АД Скопје и други вработени лица во банката, обезбедени се писмени докази кои укажуваат на свесноста и намерата на пријавениот да го изврши кривичното дело.

Исто така од извршениот увид во видео записот од безбедносните камери на банката лоцирани и поставени во банката, констатирано е дека пријавениот го искористил процесот на работа и со непочитување на воспоставените процедури за сигурност при работата во трезор, на 10 април 2017 година, во препладневните часови од девизниот трезор присвоил 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра, кои парични средства во кеса ги изнел од службените простории и се оддалечил во непознат правец.

Од страна на СВР Скопје и во натамошниот период ќе се преземаат мерки за целосно расветлување на кривично правниот настан.


Текстот е прочитан 1122 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter