Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.12.2016, 13:57

РЕТРОСПЕКТИВНО-МОНОГРАФСКА ИЗЛОЖБА НА ОХРИДСКИОТ СЛИКАР ВО ДАУТ-ПАШИН АМАМ

Чудата од измислените галаксии на Наумовски

Во петокот во Даут-пашин амам се собра доволно публика да му оддаде почит на сликарот од бајките, Вангел Наумовски кому Националната галерија му подготви ретроспективна изложба со монографија.

Сепак, вистинска штета е ако и по отворањето поширок круг публика, особено млада, не помине да ги види измислените земни и надземни градини на фантастично-надреалистичниот сликар кој уште за време на својот живот (1924-2006), стана славен во светот. Како што рече и кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска, неговата раскош прво ја препознаа критичарите надвор од Македонија, а потоа Наумовски стана признат и во сопствената земја.
Охридскиот сликар, иако самоук, изврши големо влијание на модерната уметност во светот, а во Даут-пашин амам се изложени 90 дела, од кои најголем дел се од семејството, потоа од приватни лица и од институции, меѓу кои и од поранешна Југославија.
Како што рече директорката Дита Старова-Керими на отворањето на изложбата, Наумовски е сликар кој поминува низ неколку фази, но брзо доаѓа до својата препознатлива колористичка надреална форма. Таа рече оти е тој уметник кој ги слика тајните и волшепствата на флората и влијае врз нашата свест како да се чува и слави Охридското Езеро, неговите слики извираат од Езерото.



За измислените космички градини и за еросот во творештвото на Наумовски кој е и поет, архитект, музичар, зборуваше и министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска. На крајот се заблагодари синот, исто така уметник Рубенс, кој искажа благодарност кон институциите, но најмногу рече кон Вангел, кој со својата златна рака и непресушна енергија ја однесе Македонија во светот.
Вангел Наумовски познат како охридски, самоук сликар е оригинален автор кој ги спои надреалноста и апстракцијата, направи свои фантастични светови, ги надмина строгите дефиниции за наивно сликарство, каде што беше отпрвин сместуван.
Публиката на изложбата се сеќаваше со насмевка на лицето за овој чуден уметник и човек, чие ателје во Охрид е куќа на уметноста каде што се собираа уметници од целиот свет, а каде што Вангел беше централна фигура со моќ за анимација преку делата, поезијата и музиката кои сам ги создаваше.
(М.За.)
О.Теофиловски


Текстот е прочитан 1042 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter