Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 18:15

КЛИНИКАТА ЗА ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ "СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ" ЦЕЛОСНО СЕ ОБНОВУВА

Поради реконструкција, бивша Градска го намалува бројот на пациенти

Универзитетската клиника по хируршки болници "Свети Наум Охридски" го намалува бројот на пациенти што ги прима, поради внатрешната реконструкција на објектот, која почна лани во септември.

Д-р Јасмина Чабуковска, директор на "Свети Наум Охридски", вели дека поради реконструкција на болницата, принудени се да го редуцираат бројот на пациенти кај нив и да ги препраќаат во Градската општа болница "8 Септември" и на скопските клиники. Таа објасни дека до март треба да се префрли абдоменалното одделение во дел од другите одделенија за да може да се реконструира и вториот кат.
"Како што напредуваат градежните работи, така ја приспособуваме работата на болницата. Во моментов, абдоменалното одделение го префрламе на одделението за траума и на одделението за неврохирургија, односно сите одделенија работат со намален број кревети", вели д-р Чабуковска.
Таа објаснува дека во тек е замена на стариот лифт со нов, а со обновата на болницата, предвидена е изградба на уште еден лифт. Откако ќе завршат градежните работи, стариот лифт ќе биде за персоналот, бидејќи оди само до вториот кат. Новиот лифт ќе се користи за пациентите, бидејќи тој оди до третиот кат.



"Новиот лифт се гради во делот кај лабораторијата и тој со топол ходник ќе биде поврзан и со нашиот центар за изгореници. Со реновирањето, треба да се подобрат условите каде што се сместени пациентите, односно ако досега имавме по шест-седуммина пациенти во соба, сега ќе има од тројца до четворица, а секоја соба ќе има тоалет", вели д-р Чабуковска.
Таа објаснува дека за месец-два болницата целосно ќе биде затворена, односно воопшто нема да прима пациенти, а лекарите ќе бидат распределени во скопските болници и клиники, како и во болниците во Велес и во Куманово.
"Во моментот кога ќе почне реконструкцијата на првиот кат, заедно со хируршките сали, кои се пет на број, ќе мора да ја затвориме болницата оти нема да има услови за работа. Се очекува градежните работи во овој дел да траат од три до шест месеци", вели д-р Чабуковска.


Текстот е прочитан 612 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter