Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

18.03.2017, 08:30

МАКЕДОНКАТА СНЕЖАНА МАРКОСКА ОД ПЕРТ, ПРЕКУ "ЕРГЕН", СЕ ОМАЖИ ЗА АВСТРАЛИЕЦОТ СЕМ ВУД

Од реално шоу до љубовна приказна

- Не верував во љубов на прв поглед. Но се случи. Никогаш не знаеш како и кога љубовта ќе ти чукне на врата - вели Снежана Маркоска (36), која е родена во Перт, каде што и живее, и која со својата убавина ја засени цела Австралија.

Таа пред две години беше дел од мегапопуларното реално шоу "Ерген", каде што згодниот Австралиец Сем Вуд (36) бараше жена и од 19 прекрасни дами, ја одбра токму неа. Ова шоу не е само телевизиски проект, бидејќи љубовта на прв поглед што почна пред ТВ-екраните е вистинска и Снежана и Сем веќе две години се свршени, а налето планираат свадба. Снежана, нејзината ќерка Ева од претходниот брак и Сем живеат во Елвуд, една од најелитните населби во Мелбурн. Тој е фитнес-тренер и ја има својата програма за вежбање "28 минути", која е многу популарна во Австралија, а Снежана е дипломиран биохемичар, модна блогерка и популарноста од шоуто им донесе на двајцата многу понуди за реклами.
- Од 19 девојки, само јас бев Македонка, останатите беа од Индија, Кина, Австралијки, различни типови девојки. Сем беше кандидатот за женење и требаше сите да нèзапознае и да одлучи со која на крајот ќе се ожени. Шоуто траеше три месеци. При секое доаѓање во куќата каде што бевме сместени, Сем на сите девојки им даваше по една ружа, освен на една. Тоа значеше дека таа го напушта шоуто. И така три месеци, една по една, за на крајот да останеме три, од кои требаше да ја одбере онаа што најмногу му се допаѓа или евентуално, во која се вљубил - вели Снежана.
Девојките во куќата биле во комплетна изолација, контактирале само со продуцентите на шоуто и со Сем, со кого им организирале разни средби, фотосесии и дружби за тој подобро да ги запознае и за да направи избор по свој вкус.

- Шоуто траеше три месеци, но јас во ниту еден момент не помислив дека ќе останам до крај, уште помалку дека мене ќе ме одбере. Искрено, понесов гардероба за две недели. Шоуто е многу популарно, сите го гледаа нашето однесување во куќата и навиваа, но, сепак, Сем беше тој што требаше да одлучи. Одевме на состанок со него. Тој имаше дружење со сите девојки заедно, но и со секоја посебно - вели таа.
Снежана била мажена, но кога нејзината ќеркичка немала уште година, се развела. По разводот, решила да се вработи, но и да го заврши факултетот. Обврските околу Ева, факултетот и работата не $ дозволувале да има свој приватен живот. Била комплетно посветена мајка.
- Ниту на крајот на умот не ми одеше да се пријавам. Ми беше глупаво, преглупаво. Но шоуто е многу популарно и мајка ми и ќерка ми нонстоп го гледаат. Ќерка ми постојано ме тераше да се пријавам, но јас не сакав, иако со години живеев дома - факултет -работа. Ева сега има 11 години, но јас воопшто не излегував од дома, освен со другарките и со децата за да си играат заедно. А Ева секогаш ми велеше: "Мамо, мораш да се пријавиш, ти треба дечко. Ако само излегуваш со другарките, никогаш нема да најдеш дечко". Дома со месеци се расправав со неа и со мајка ми. Таа секој ден ме молеше, а јас не попуштав, но на крајот си реков: "Ајде да $ ја исполнам желбата". Длабоко во себе се надевав дека нема да ме одберат. Кога дојдоа во Перт за кастинг, си реков: "Во ред е, ќе отидам и доволно е, сум ја исполнила желбата на ќерка ми". Но кога се сретнавме со продуцентите, по интервјуто, ми рекоа: "Еве ти плико и не кажувај никому дека тебе сме те одбрале", бидејќи имаше уште кандидатки што чекаа за интервју. Јас се шокирав. Кога излегов, веднаш $ се јавив на сестра ми. _ реков: "Леле, ме одбраа, што ќе правиме сега?" Навистина ние на шега, а тоа сериозно излезе. Кога дојдов дома, морав да се консултирам со моите, бидејќи јас ниту една вечер ја немав оставено Ева сама да спие без мене, а тогаш требаше да ја оставам три месеци. Но по убедување на моите, сепак, прифатив. Па си реков: "Ајде ќе одам, ќе ме избркаат за две-три недели" - вели Снежана.
Со куферот и со гардероба за две недели, таа заминала за Сиднеј, каде што се снимало шоуто. Тоа било илјадници километри од дома, илјадници километри далеку од Ева.
- Пред да заминам, им поставив услов, им реков дека морам секој ден да се слушам со Ева и дека ако не ми го дозволат тоа, ќе се повлечам. И, секако, беа фер, ми дозволија. Откако заврши шоуто, продуцентите ми кажаа дека Сем ме бендисал уште на стартот, дека тие знаеле дека ќе треба да останам до крај и затоа ми дозволиле да се слушам со ќерка ми секој ден. Но тоа не смеело да се знае, ниту, пак, Сем смеел со некаков гест да покаже, бидејќи ќе се уништела суштината на шоуто. Кога го гледаш шоуто на телевизија, имаш чувство дека сите подеднакво ги сака. Мораше со сите исто да се однесува. На првиот состанок бев многу нервозна, имав трема, не ни запамтив како се вика, како изгледа. Сè ми беше како во сон. Но ми се допадна. Сем не можеше да го изговори моето име, му беше тешко да каже Снежана. Некои од девојките вистински се вљубија во него и плачеа што не ги одбра. На крајот навистина беше хаос. Јас почувствував дека би можело да да бидам јас кога бевме сами на состанок. Тогаш и видов дека не е таков како што го замислував. Тогаш сфатив дека е многу добар човек. Му кажав дека имам ќерка и го прашав дали ќе му пречи тоа. Но тој се израдува. Додека траеше шоуто, мораше да се глуми, но ако треба да се живее понатаму со него, тоа е сосема нешто друго. Кога на крајот останавме две, тој $ пријде на другата и $ рече: "Ти си супер, но не си за мене". И така останав јас - објаснува таа.
Во финалето, останале само три девојки, од кои требало да се одбере само една и по процедура, Сем требало да оди на гости кај сите три дома за да се запознае со семејствата.
- Мајка ми беше потресена, што да направи. Јас само $ реков: "Прави како што вообичаено си правиме за нас". И таа ја преполни масата со наши традиционални јадења, како сарма, гравче, кифлички, ракија. Кога влезе Сем кај нас, кога ја виде масата, се шокираше. Рече: "Леле, јас не сум видел толку јадење во животот!" Во Австралија не се јаде толку многу како кај нас. Најмногу муабет направи со брат ми, кој му рече дека за разлика од останатите две што се немажени, сепак, јас сум разведена и мајка и дека тоа треба најмногу да го има предвид при изборот. Така се постапува кога е во прашање нашиот менталитет. Но тоа не е никаков проблем за нив, тие се многу поотворени и со послободно размислување од нас - вели Снежана.
Снимањето завршило, Снежана победила, но на телевизија се емитувало со задоцнување и затоа морале да кријат од јавноста.
- Јас не додржав, им кажав само на моите дома и на Ева. Ама сите молчевме 3-4 месеци додека шоуто на телевизија да дојде до крај. За тоа време, јас и Сем кришно се гледавме. Се среќававме во Сиднеј, маскирани со капи, со посебни коли. Кога ме одбра, Сем ми подари мало ланче за Еве. И кога таа ме праша дали мене ме одбрал, $ реков: "Не", ми беше страв да не каже бидејќи е мала. Ама таа ми рече: "А бе мамо, зашто мене би ми пратил подарок ако не те одбрал тебе?" И тогаш морав да $ кажам. А кога одев на тајни викенди со Сем, доаѓаше и Ева за подобро да се запознаат. На крајот од шоуто, мораше да ми даде прстен, но вистинското запросување беше по шоуто. Заедно со Ева отидовме на одмор во Тасманија, од каде што потекнува тој. И таму официјално ме запроси пред Ева. Потоа со семејствата направивме забава за свршувачката. И по тоа, со Ева се преселивме во Мелбурн - вели таа.
Снежана и Сем, заедно со Ева, веќе една година живеат заедно
и за таа една година, сфатила дека Сем е она што го барала од животот.
- Сем е многу добар и воспитан. Мене малку ми беше страв дека тој е Австралиец, а ние Македонци, со различни култури. Не знаев дали тоа ќе нè приближи или ќе нè оддалечи, но тој е супер. Навистина е човекот на мојот живот. И многу се сакаат со Ева. Ја гледа како свое дете. Никогаш не верував дека на вакво шоу човек навистина може некого да запознае и тој да биде сродна душа. Јас бев 11 години разведена. Искрено, со години не помислував на врска, а и не знаев дали Ева ќе биде прифатена. Не верував и во љубов на прв поглед, ама ете, се случи - да се видиме и да се засакаме. Откако сме заедно, неколку пати сум го прашала и ми има одговорено дека и кај него било љубов на прв поглед. Ми рече дека кога ме видел, веднаш сум му се допаднала, уште повеќе што не сум од Австралија, туку што сум од Европа и што сум му била егзотична и мистична. И мене ми се допадна првиот пат. Ми се чини дека го засакав од моментот кога рече дека Ева не е никаков проблем и дека му е драго што сум веќе мајка - вели таа.
Снежана и Сем налето ќе прават свадба со македонска и со австралиска музика. Таа вели дека ќе биде на отворено, романтично и поевропски.
- По тоа, сакаме да дојдеме и во Македонија. На почетокот не знаеше многу. Не знаеше ни кој е главен град. Но му покажував слики на Интернет, и се воодушеви. Вели: "Не очекував дека е толку убаво". Сега веќе разбира некои македонски зборови. Знае да каже "лепче", а му правам македонски јадења, и многу ги сака. И јас сакам да дојдам во Македонија. Родена сум во Перт и порано одевме многу почесто, по три месеци седевме во Охрид. Моите речиси 40 години се во Австралија и кога бевме мали, тие нè водеа, а кога наполнивме по 18 години, јас, сестра ми и брат ми сами одевме. Сем е многу зафатен и поради кариерата, никогаш пред тоа не бил женет. Него другарите го пријавиле на шоуто. Мислам дека ова е судбина. Нема што друго. Така требало да биде, на ваков начин да го сретнам човекот на мојот живот. Ете, кога е пишано, од судбината не се бега. Сем има само татко, мајка му починала кога имал 15 години. И тој има брат и сестра. Супер ме прифатија. Вљубени сме, чекаме да помине свадбата и планираме да го прошириме семејството - вели Снежана.

В. Миленковска


Текстот е прочитан 4200 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter