Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.02.2017, 12:25

Пионерите подготвени за одбрана на двојната круна

Пионерската екипа на Вардар е во тренажен процес, низ кој се подготвува за стартот на пролетниот дел од сезоната. „Црвено-црните“ пионери ќе атакуваат во одбрана на двете круни, во првенството и во Купот.

Тренерот на екипата Сашо Тодоровски е задоволен од подготвителниот период, и смета дека тимот е подготвен да атакува на одбрана на двојната круна низ пролетниот дел од првенството кој што почнува на 11 март. 

    „Почнавме на 22 јануари, односно нешто повеќе од еден месец тренираме. На 31 јануари пет дена престојувавме во Дојран каде што одработивме добри тренинзи. Одигравме пријателски натпревар со тимот на Беласица генерација 1999 и ги победивме 5:0. Потоа продолживме да тренираме на нашата Фудбалска Академија, а одигравме и пријателски натпревар со  кадетите и нив успеавме да ги победиме. Одигравме уште со Металург и со Милано, и нив ги совладаме со по 5:0. Има шанси да одиграме уште еден интернационален пријателски натпревар пред почетокот на првенството.“, вели Тодоровски.



Предводникот на пионерската екипа им даде шанса на сите играчи кои му се на располагање, и сега останува само да се склопат „коцките“ и да се формира тимот за пролетните натпревари.

    „На овие подготовки на пријателските натпревари добија шанса сите играчи кои што ги имаме на располагање. Имаме неколку нови фудбалери кои што добро се вклопија во екипата, и сметам дека сме за нијанса подобри од лани. За десетина дена почнува првенството кое ние со нетрпение го очекуваме. Веќе два месеци тренираме и играчите се желни за натпревари. Нашите амбиции се јасни, а тие се одбрана на двојната круна, односно титула во првенството и освојување на Купот, и јас се надевам дека ќе успееме“, рече тренерот на пионерите.

Вардаровите пионери во петок ќе го дознаат противникот во Купот во рамките од полуфиналето.


Текстот е прочитан 400 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter