Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 09:34

УТРЕВЕЧЕР ВО СКОПЈЕ

Прв заеднички концерт на Владо Георгиев и Тони Цетински

Хрватската музичка ѕвезда Тони Цетински и црногорската Владо Георгиев за првпат во кариерата ќе одржат заеднички концерт, во Скопје, утревечер, во арената "Борис Трајковски".

Бидејќи се одржува само неколку дена по празникот Свети Валентин, концертот ќе биде посветен на сите вљубени.
И Цетински и Георгиев досега одржувале концерти во Македонија, но ова е првпат да настапат заедно. Македонската публика ќе ја израдуваат со сплет од најубавите љубовни песни, но присутните ќе може да се потсетат и на другите нивни хитови, кои се многу популарни на просторот на поранешна Југославија.
"Со Тони се знаеме сто години. Некако секогаш патиштата ни се преплетувале, често сме се среќавале на заеднички ТВ-гостувања и настани, а потоа следувале и дружби. Велат некои колеги, а и во право се, дека имаме сличен музички сензибилитет. Отсекогаш сум велел дека Тони е еден од најквалитетните поп-музичари на овие простори", изјави Владо Георгиев за својот колега.
Концертот е поддржан од "Пелистерка". Влезниците можат да се набават преку продажните места на "Купи карти за сè". Организатор на концертот е "Прагма". (М.Џ.)


Текстот е прочитан 538 пати.
#
БУМБАР НА ТВ НОВА: Секој ден од понеделник до петок (Видео)
21 член од Организацискиот одбор поднесоа оставки
Откако ги зголемив градите, заштедив на градници
Тамара Ангеловска со "Тајно моја" од Тоше ги расплака сите
Станав експерт за вино
Документарен филм за уникатната љубовна приказна на Нора и Боби Додевски - Лајт мотив за младите ширум светот (Видео)
Калиопи го расплака Загреб
Нова песна на Анита Мицова
Вечер посветена на Арсен Дедиќ во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter