Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 09:34

УТРЕВЕЧЕР ВО СКОПЈЕ

Прв заеднички концерт на Владо Георгиев и Тони Цетински

Хрватската музичка ѕвезда Тони Цетински и црногорската Владо Георгиев за првпат во кариерата ќе одржат заеднички концерт, во Скопје, утревечер, во арената "Борис Трајковски".

Бидејќи се одржува само неколку дена по празникот Свети Валентин, концертот ќе биде посветен на сите вљубени.
И Цетински и Георгиев досега одржувале концерти во Македонија, но ова е првпат да настапат заедно. Македонската публика ќе ја израдуваат со сплет од најубавите љубовни песни, но присутните ќе може да се потсетат и на другите нивни хитови, кои се многу популарни на просторот на поранешна Југославија.
"Со Тони се знаеме сто години. Некако секогаш патиштата ни се преплетувале, често сме се среќавале на заеднички ТВ-гостувања и настани, а потоа следувале и дружби. Велат некои колеги, а и во право се, дека имаме сличен музички сензибилитет. Отсекогаш сум велел дека Тони е еден од најквалитетните поп-музичари на овие простори", изјави Владо Георгиев за својот колега.
Концертот е поддржан од "Пелистерка". Влезниците можат да се набават преку продажните места на "Купи карти за сè". Организатор на концертот е "Прагма". (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1147 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter