Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 13:33

Червар: Не сакам да разговарам за Хрватска, ако не сум разговарал со мојот клуб и РФМ

На прес-конференцијата на РК Металург во пресрет на дуелот од СЕХА лигата со Загреб, тренерот Лино Червар, кој воедно е и селектор на Македонија се осврна на шпекулациите дека тој е можниот нов селектор на Хрватска.

- Чекав прес-конференција за да можам ова да го кажам, иако постојано добивам телефонски повици изминативе денови. Можам да кажам чесно, имам 66 години, не би сакал во мојата кариера во тие години некој со мене да се зафркава. Во Македонија сум осма година, 40 години работам како тренер и не признавам дека некој работи повеќе од мене. Но, не кажав дека сум најдобар. Медалите не се мојот најголем резултат. Како селектор на Македонија на СП во Франција бев со најмногу медали, повеќе и од Ривера, бидејќи Онеста веќе не е селектор. Мојот најголем успех не се медалите, туку што успеав да изградам добри луѓе и големи работници кои направија големи резултати, а беа деца од улица. Тоа е мојата цел како тренер.

Во своето излагање Червар демантира било каков официјален разговор со хрватскиот сојуз.

- Никој не може да ми го одземе правото да ја сакам Хрватска, мојата прва татковина, но и Македонија мојата втора татковина. Сметам дека нормално е моето име да се поврзува со функцијата селектор на Хрватска. Но, тврдам дека не сум имал официјален разговор за да бидам нивни селектор. Го почитувам мојот клуб Металург и Минчо Јорданов, главниот виновник што дојдов во Македонија. Како и Живко Мукаетов, првиот човек на РФМ која е моја голема поддршка. Не сакам да разговарам за Хрватска, ако веќе не сум разговарал со мојот клуб и РФМ. За сликите од Веспрем, можам да кажам дека таму разговарав со играчи кои во минатото сум ги тренирал, со кои имам освоено златни медали. Мојата приватност не е почитувана, а треба да се почитува. Мојот дом е во Хрватска и во Македонија, тоа ќе остане така засекогаш, заврши Лино Червар.


Текстот е прочитан 1034 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter