Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.12.2016, 14:01

Гламур

НА 97 ГОДИНИ ВО ПАРИЗ

Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм

ФРАНЦИЈА- Актерката Мишел Морган, една од најголемите француски актерки на 20-тиот век, на љубителите на филмот позната како жената со најубавите очи во францускиот филм, почина завчера во 97-та година во Париз, соопшти нејзиното семејство.

"Во нејзината 97-ма година најубавите очи на францускиот филм се затворија засекогаш, се наведува во соопштението коешто го издаде семејството.
Мишел Морган играла во околу 70 филмови, а се прославила во филмот "Крајбрежје во магла" од 1938 година во кој партнер и бил големиот актер Жан Габен. Познати се нејзините улоги во филмовите "Големите маневри" на Рене Клер со Жерар Филип, "Паднатиот идол" на режисерот Карол Рид од 1948 година и "Фабиола" од 1949 година.
Веќе како позната актерка, ја добила првата награда за најдобра женска главна улога во историјата на Филмскиот фестивал во Кан во 1946 година за улогата во филмот "Пасторална симфонија" на Жан Делано, адаптација на истоимениот роман на Андре Жид.
Мишел Морган, која беше олицетворение на францускиот гламур, публиката два пати ја избираше за најпопуларна француска актерка. Во текот на Втората светска војна ја напуштила татковината и се обидела да ја продолжи кариерата во Холивуд. Во Холивуд не и давале атрактивни улоги, па се вратила во Франција по војната.
Верската церемонија ќе биде одржана утре во "Неи-си-Сена" во близина на Париз, каде што е родена, а потоа ќе биде погребана во Париз, навело нејзиното семејство.


Текстот е прочитан 1422 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter