Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 19:00

ОБВИНЕТ ОД ДИВО НАСЕЉЕ СО НАВРЕДИ КОН ПРЕВЕДУВАЧКАТА ОД КРИВИЧНИОТ СУД ВО СКОПЈЕ

Мајмунке, преведувај како што треба

Со кавги и тензии продолжи судскиот процес за случајот "Диво насеље", во кој на 37 обвинети им се суди за тероризам и за терористичка организација.

Судењето почна со опомени од судијката до адвокатите, кои приговараа на прашањата од Обвинителството, и кои, според судијката, го попречуваат водењето на текот на постапката, а заврши со навреди од обвинетиот Валдет Зекај кон овластената судска преведувачка од албански на македонски јазик од Основниот суд Скопје 1. Расправија настана околу преводот дали презимето на еден од обвинетите е Рушити или Рушитовски, кој обвинетиот Насуф Бекири го спомена додека даваше исказ пред Судот. На преводот почнаа да реагираат обвинетите, а обвинетиот Валдет Зекај стана и се обрати: "Преведувај како што треба, а не како што ти кажеле да преведуваш. Мајмунке една". Обвинетиот го смируваше полицијата, а беше опоменат од судијката, која даде пауза за да се смири тензијата.
На судењето исказ дадоа двајца обвинети. Обвинетиот Насуф Бекири пред Судот рече дека во Македонија бил повикан за голема Албанија, а не за Охридскиот рамковен договор. Призна дека учествувал во нападот врз полициската станица во Гошинце и во нападите во кумановската Дива населба. Бил член на групата од осум лица која носела униформи и била вооружена. "Зедов униформа и оружје, и мислев дека нема живи да стигнеме до Куманово. Побарав од Мирсан Ндрецај да излезам од групата, оти имав информации дека ќе нe предадат. Мирсад во Слупчане се сретна со големиот човек, кого јас го знаев како командант Шипоља. Со комбе стигнавме во Куманово", рече обвинетиот Бекири. Тој пред Судот кажа дека слушнал пукотници и излегол во дворот и, како што кажа, почнало да се војува. Исказ пред Судот даде и обвинетиот Енвер Хоџа Клајн, кој рече дека не знаел ништо за никакво соопштение. Во Македонија дошол оти бил загрижен за ситуацијата и го бранел со оружје албанскиот народ. Добил униформа , но било темно, и не знаел кој му ја дал. Клајн побара за случајот да се преземе темелна истрага, со поддршка од Меѓународните фактори. (К.Д.)


Текстот е прочитан 5043 пати.
#
Нека ми го вратат детето тие што ги штитат кучињата скитници
Куче искаса четиригодишно дете
Газда и вработен со ножици расчистувале долгови
Полицијата трага по напаѓачот на возачот на турскиот амбасадор во Македонија
Претепани тројца скопјани
Инцидент во Куманово по протестниот марш
"ДИВО НАСЕЉЕ": Обвинет не го признава Обвинителството
Кривични пријави за четири лица што фрлија Молотови коктели врз Музејот на Албанската азбука во Битола
На 20-годишник од гостиварско Ѓурѓевиште под кревет полицијата му пронашла три пиштоли
Царината откри измами и заплени девизи, фалсификати ...

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter