Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 13:49

МВР за случајот со пратеникот Димитриевски: Настанот е расчистен и против сторителот М.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава

По објавувањето на информациите за физички напад врз пратеникот на СДСМ од Куманово, Максим Димитриевски и, наспроти нив, информациите дека пратеникот нападнал и повредил 23-годишно момче во кафеана во Куманово, МВР излезе со информации за инцидентот.

- На 06.04.2017 година околу 01.00 часот во СВР Куманово телефонски се јавило лицето М.Б. вработен во Ресторан Паласс лоциран во населба Вера Которка - Куманово и пријавил нарушување на јавниот ред и мир. Веднаш потоа лицето З.А телефонски пријавил дека во наведениот ресторан, неговиот син В.А физички бил нападнат од страна на лицето М.Д од Куманово, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на лицето при што му нанел видливи повреди. Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле, и му се приближило лицето М.Д кој исто така бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости го удрил во пределот на лицето два пати со што му нанел телесни повреди. При преземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот кои го потврдуваат истиот. Пријавениот настан е расчистен и против сторителот М.Д ќе биде поднесен соодветен поднесок - стои во дневниот билтен на МВР.


Текстот е прочитан 2335 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter