Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

18.07.2016, 13:46

Директорот на „Астон Мартин“ лично ќе ги контролира првите 1.000 возила од моделот „ДБ11“

Првиот човек на компанијата "Астон Мартин", Енди Палмер, во следните неколку месеци ќе биде многу зафатен бидејќи самиот најави дека лично ќе ја изврши контролата на квалитетот на првите 1.000 примероци од новиот модел "ДБ11".

"Астон Мартин ДБ11" очигледно е многу значаен модел за британскиот производител бидејќи директорот на компанијата лично ќе го контролира квалитетот на секое од илјадата возила што први ќе се симнат од фабричката лента.
На овој начин, Енди Палмер сака дополнително да ги увери идните сопственици дека автомобилот што ќе им биде испорачан е во беспрекорна состојба.
По изведената контрола на квалитетот, секој од 1.000-те прегледани примероци од моделот "ДБ11" ќе добие специјална плочка со изгравиран потпис на шефот на " Астон Мартин", што ќе биде поставена на неговиот моќен В12 мотор.
За овој гест на Палмер, што, пред се, има маркетиншка смисла, постои уште една важна причина. Имено, "ДБ11" е првиот сосема нов модел на "Астон Мартин" откако Енди Палмер дојде на позицијата директор, во 2014 година.
"Астон Марин ДБ11" е десетиот модел од славната "ДБ серија" чиј зачетник беше "ДБ1" од 1948 година.
Ова не е првпат шеф на некој производител лично да го контролира производството на новиот модел за да се увери дека автомобилот нема фалинка.
Како што неодамна пренесоа медиумите, првиот човек на "Тесла Моторс" наводно извесно време спиел во фабриката кога почнала изработката на " Моделот Х".


Текстот е прочитан 3519 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter