Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.12.2016, 14:00

ДЕНЕС ВО ЧИФТЕ АМАМ СЕ ОТВОРА ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА

Поставка за апстракцијата во македонската уметност

Денес во 12 часот, во НГ Чифте амам ќе се отвори изложбата "Апстракцијата во современото македонско сликарство и скулптура".

Автор на изложбата е Златко Теодосиевски, а претставени се осумдесетина дела од повеќе македонски уметници од сите генерации, меѓу кои Петар Мазев, Димитар Аврамовски - Гуте, Петар Хаџи Бошков, Миле Корубин, Борис Николовски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Јордан Грабулоски, Борко Лазески, Слободан Филовски, Танас Луловски, Татјана Миљовска, Златко Глигоров, Благоја Маневски, Решат Ахмети, Влатко Миладинов.



"Изложбата, ретроспективно, ги елаборира појавата и развојот на апстрактната уметност во современото македонско сликарство и скулптура од периодот на шеесеттите години на минатиот век до денес, потенцирајќи ја притоа непредметната уметност (во сите нејзини варијации) како доминантен израз (и) во македонската ликовна уметност од втората половина на дваесеттиот век до денес.
Едновремено, изложбата има цел да потсети на можеби подзаборавените македонски уметници фасцинирани од оваа визуелна приказна", велат од Националната галерија на Македонија.
(Н.П.)


Продолжена изложбата на дела од амбасадите на СФРЈ

Поради голем интерес на јавноста, Националната галерија одлучи да ја продолжи поставката "Изложба на дела од македонски автори добиени од сукцесијата на поранешна СФРЈ" до крајот на јануари.
Изложбата беше отворена на 3. месецов и, како што велат организаторите, предизвика особен интерес кај македонската јавност, почнувајќи од професионалната фела, кустоси, историчари на уметноста, критичари и теоретичари, преку уметници и, секако, љубителите на уметноста.




Текстот е прочитан 466 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter