Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.04.2017, 14:21

Иванов: Нема мандат додека не се отстранат правните и политичките пречки

Претседателот Ѓорге Иванов денеска изјави дека мандатот за формирање Влада нема да биде врачен се додека правните и политички пречки не бидат отстранети.

- Се додека тие пречки не бидат отстранети јас не можам да донесам одлука која што ќе биде оспорена. Ако биде оспорена една таква одлука, тогаш ќе биде отворено прашањето за моја одговорност. Затоа барам и инсистирам правната и политичката пречка да бидат отстранети, рече Иванов по денешната средба со претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ.

Одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност во врска со последиците од кризата, Иванов рече дека тој го почитува Уставот и праксата од 1992 година и дека не чувствува одговорност за кризата. Институционалната криза, додаде Иванов, ќе ја немавме доколку ја немаше платформата која од политичка криза не воведе во институционална криза.

- Јас го почитувам Уставот и праксата создадена во 1992 година. Тоа им го кажав и на сите претставници на партиите кога беа на консултации. Треба да се почитува тоа што е во Уставот и роковите предвидени во Уставот и преседанот направен во 1992 година. Надвор од тоа, која било донесена одлука доведува до прашање за моја одговорност. Јас сум под заклетва и ќе го почитувам она што е уставен поредок на Република Македонија, потенцираше претседателот Иванов.

Македонскиот претседател посочи дека токму поради платформата која што се појави после парламентарните избори Македонија не може да се избере претседател на Парламентот, ниту пак да почне процесот за создавање на влада.

- Едно е политичката криза која што ја решивме со изборите на 11 декември, а со платформата добивме институционална криза. Јас тука не чувствувам одговорност бидејќи го почитувам Уставот и тоа што се бара од мене, а ги имам предвид и одлуките на Уставниот суд и затоа не смеам да донесам одлука која што ќе биде оспорена од кого било, потенцираше Иванов.

На средбата со претседавачот на Претседателството на БиХ Иваниќ кој е во дводневна посета на Република Македонија било разговарано за односите меѓу двете земји и притоа, како што истакна Иванов, Македонија континуирано дава поддршка на територијалниот интегритет на БиХ, како и на евроинтеграцискиот процес на оваа земја. Македонскиот претседател и Иваниќ зборувале за актуелните состојби во двете земји, состојбата во целиот регион и евроинтеграцискиот процес, за економската соработка во контекст на која утре ќе биде организиран бизнис форум во Скопје. Исто така станало збор и за отворање авиолинија Скопје – Сараево, како и за спогодба за патување на државјаните од двете земји со лични карти.

Иванов истакна дека состојбата во целиот регион би била поинаква доколку ЕУ се согласи да бидат отворени поглавјата 23 и 24 коишто се однесуваат на безбедноста, на правните прашања итн.

Коментирајќи го односот на Брисел кон земјите од регионот, Иванов рече дека Македонија е школски пример како ЕУ не треба да се однесува со некоја земја потенцирајќи дека довербата кај граѓаните во ЕУ опаѓа кога тие гледаат отсуство на европеизација.

- Ние се уште немаме датум за отпочнување на преговори и затоа ја отвораме иницијативата да бидат креативни во ЕУ и да бидат отворени поглавјата 23 и 24, додаде Иванов.

Претседавачот на босанското Претстедателство истакна дека е уверен дека македонскиот претседател Иванов ќе ги донесе најдобрите одлуки за стабилноста и просперитетот на Република Македонија. За ЕУ рече дека во однос на БиХ било забележано многу формалност и оти таа не била многу доследна, но дека неговото чувство е оти во изминатата година и пол односот станал појасен и поискрен и оти за тоа од помош била мигрантската криза.


Текстот е прочитан 1225 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter