Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.03.2017, 10:03

ВАШИНГТОН ТАЈМС: Сорос пак прави штети во борбата за моќ во Македонија

Амбасадорот Бејли ги прекршил правилата. Тој и неговите вработени треба да се отстранат – веднаш. Новиот државен секретар Рекс В. Тилерсон треба да почне да ги истребува лицата назначени од Обама на Балканот и Источна Европа, каде што почвата е посебно плодна за Соросовата армија.

Ова стои во анализата што ја објави „Вашингтон Тајмс“, а во која се разглобува влијанието што мултимилијардерот Џорџ Сорос го има на Балканот преку неговите организации. Автор на анализата е Ел Тод Вуд, поранешен пилот и колумнист кој денес објавува во повеќе американски публикации.

Анализата е насловена: „Сорос пак прави пакости во борбата за моќ во Македонија“.

Во продолжение ја пренесуваме целата анализа:

Пишувавме и претходно за тоа како Стејт департментот наезден со Џорџ Сорос се обидува да си ја наметне волјата во Албанија.

За жал, проблемот метастазира како тежок рак и се заканува да ги уништи конзервативните влади насекаде на Балканот. Последната суверена држава каде што американскиот амбасадор ја премина граница за да и помогне на агендата на левицата е Македонија, каде што конзервативците водат смртоносен меч против т.н. „Соросова армија“ борејќи се да состават нова влада.

Резултатот од победата на сојузниците на г. Сорос, милијардерот патрон на левичарите во САД и насекаде низ светот, би бил наплив на неконтролирано исламско мигрирање, заедно со сите други „напредни“ политики на Мрачниот император Сорос и неговиот Сит Лорд, Барак Обама.

„Џудишал Воч“, позната по одлучните истраги на корупција под г. Обама, неодамна напиша брилијантна анализа на проблемот, известувајќи дека „владата на САД скоро бесшумно потрошила милиони од даночните долари за да ја дестабилизира демократски избраната, централнодесничарска влада во Македонија заговарајќи со ултралевичарскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос“.

Надзорната екипа потврдува дека Џес Л. Бејли, изборот на Обама за амбасадор на Македонија, „работел зад зад кулисите со Фондација „Отворено општество“ на Сорос за да насочи огромни суми на американски долари за таа цел, со што се врши мешање во домашни политички работи од страна на американски амбасадор и се прекршува Виенската конвенција на дипломатски односи.

Секој кој е запознаен со неодамнешната историја на Балканот знае дека регионот е мноштво од фракции, кои изминатите неколку века се впуштале во брутални непријателски битки одвреме навреме.

Последните племенски области во кои владата на САД се вмеша со цел да ја спроведе агендата на Сорос беа Ирак и Сирија. Тие операции не поминаа баш најдобро, а Европа с? уште ја плаќа цената додека милиони мигранти го преплавуваат континентот, поттикнати од г. Сорос, г. Обама и нивните поддржувачи. Ова сценарио може пак да се одигра ако левичариските социјалдемократи, поддржани од алијанса на етнички албански сили, ја добие битката за моќ која се одвива во Скопје.

Неколку американски законодавци ја изразија својата загриженост за кризата во Македонија, но новото раководство на Стејт департментот не се движи доволно брзо. Додека демократите ја кочат агендата на Трамп колку што можат повеќе, со што ги спречуваат назначените од страна на претседателот да ја преземат власта, ударното нешто на нивната стратегија станува јасно – да се намали конзервативното движење низ светот колку што е можно повеќе пред да бидат заменети.

Седум републиканци, меѓу кои и Кристофер Х. Смит од Њу Џерзи, Роберт Б. Адерхолт од Алабама и Трент Френкс од Аризона, му напишаа писмо на американскиот Генерален контролор во кое ја искажуваат својата загриженост во однос на дискутабилната употреба на средства од страна на САД во Македонија.

„Слушнавме веродостојни извештаи дека, во текот на изминатите две години, Мисијата на САД во Македонија активно се мешала во партиските политики на Македонија“, пишуваат законодавците, „како и во формирањето на медиумската средина и граѓанското општество, на несоодветен пристрасен начин. Според извештаите, ова мешање конзистентно ги фаворизира партиите, медиумите и граѓанските општествени групи на левичарите и централлевичарите“.

Се чини дека е јасно дека амбасадорот Бејли ги прекршил правилата. Тој и неговите вработени треба да се отстранат – веднаш. Новиот државен секретар Рекс В. Тилерсон треба да почне да ги истребува лицата назначени од Обама на Балканот и Источна Европа, каде што почвата е посебно плодна за Соросовата армија да го користи малигното влијание и да ја продолжи левичарската агенда за да предизвика штета и човечко страдање низ целиот регион, како што видовме во Шведска, Германија, Обединетото Кралство и на други места.

Зарем не видовме доволно од корумпираните плодови од трудот на г. Сорос насекаде во светот? Зарем не видовме доволно смрт и уништување? Зарем не видовме доволно војни? Зарем не видовме доволно деца како умираат? Семиња за уште повеќе ужасно страдање е она што Соросовата армија го сее во Источна Европа и на Балканот.

Америка треба повторно да биде зрак на светлина и надеж во светот, а не кораб за уништување општества со помош на богатството на неколку манипулативни, идеолошки заблудени мажи и жени. Треба да се дејствува во Македонија – вчера!


Текстот е прочитан 2167 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter