Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 18:14

СЕ ЈАВИ УШТЕ ЕДЕН КОНГРЕСМЕН

И Франкс против Бејли

Републиканскиот конгресмен од Аризона, Трент Франкс најави две нови истраги за американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли. Франкс најави дека ќе се активира генералниот инспектор на САД и Генералната канцеларија за сметководство на САД.

Во своето интервју за МТВ, покрај истрагата и прашањата од конгресмените, Франкс најави уште 2 нови истраги за Бејли и Амбасадата на САД во Скопје, односно втора и трета истрага за Бејли.
"Тоа е следниот чекор, веќе имавме прелиминарни дискусии барајќи од американскиот генерален инспектор да истражи, како и од Канцеларијата на сметководството да ни кажат што се случува со парите кои се испраќаат и јасни се индикациите дека парите кои се испраќаат со цел да се помогне за промоција на човековите права и Македонија одат до организации поврзани со Џорџ Сорос што е спротивно со промоцијата на човекови права и сакаме да го промениме тоа најбрзо што можеме", рече Франкс.
Франкс изрази загриженост за парите од УСАИД што одат до организации кои се поврзани со Џорџ Сорос, не само во Македонија туку и низ целиот свет.
"Сорос беше посветен непријател на американските идеали за човекова слобода веќе долго време. И за нас како Американци да ги поддржуваме организациите кои ја поткопуваат американската политика и американски идеали за човекови права е страшно. Ова за нас е поразително зошто значи дека се поткопуваат нашите идеали како Американци", рече Франкс.


Текстот е прочитан 680 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter