Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.03.2017, 13:36

ДИПЛОМАТСКАТА ВОЈНА НА ТУРЦИЈА И ХОЛАНДИЈА НЕ СТИВНУВА

Анкара: Апелот од ЕУ до Турција е безвреден

ТУРЦИЈА, 15 март (Дојче веле) - Турција го отфрла апелот од ЕУ за деескалација, ги замрзнува дипломатските односи со Холандија. Ердоган првпат вербално ја нападна лично и германската канцеларка Меркел.

"Кратковидото соопштение на ЕУ за нашата земја нема никаква вредност", соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Брисел од Анкара побара "да се воздржи од пребрзани изјави и постапки кои се закануваат натамошно да ја заострат ситуацијата". Турскиот претседател Ердоган на властите во Холандија, како и претходно на Германија, во спорот околу откажаните јавни настапи на турски политичари, им префрли употреба на нацистички методи.
Турција посегна по невообичаено остри мерки во дипломатскиот спор со Холандија, анулирајќи ги сите закажани средби на високи по ранг претставници на Анкара со холандски претставници, сс додека "Холандија не го поправи она што се случи деновиве и не се извини писмено".
Холандскиот амбасадор во Анкара, кој моментно не се наоѓа во Турција, засега не е пожелен таму. Холандскиот премиер Руте категорично отрфла потреба од свое извинување и инсистира тоа да го направи Анкара. Холандските власти на викендот не му дозволија влез во земјата на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и настап на митинг во функција на агитирање за претстојниот референдум за уставни промени во Турција, а турската министерка за семејство Каја, со полициска придружба беше испратена до германската граница.


Текстот е прочитан 503 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter