Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.09.2015, 13:01

УБАВИ ПРОСТОРИ

Минерализирани бои за здрава храна

Беж, зелена и кафена боја го дефинираат ентериерот во кој е сместен скопскиот кафе-ресторан за здрава храна "Фитнес хаус".

Оваа палета на минерализирани бои кои потекнуваат од природата, ја потенцира архитектонската рамка на правоаголниот простор во кој се сместени фиксни гарнитури за седење, квадратни маси од дрво и полуфотелји со винтиџ дизајн. Боите се усогласени меѓу себе и создаваат ефект на оддалечување, па така, иако просторот има едвај шеесетина квадрати, имате чувство дека е многу поголем. Ефект на безграничен простор создава и фронталниот ѕид од стакло кој целосно се отвора во текот на летните месеци, при што се губи границата помеѓу екстериерот и ентериерот.



Во ентериерот кој сопствениците го уредиле сами, веднаш се забележуваат деталите.
За да се потенцира врската која постои меѓу здравата исхрана и физичката активност, на плафонот и на ѕидовите се закачени гимнастички справи. Еден од бочните ѕидови е обложен со огледала, а пораките за нутриционистички избалансираната храна се третирани како колаж од букви кој го украсува ѕидот кој го дели просторот за подготовка на храна од ресторанот. Брендирањето е органски поврзано со ентериерот и се состои од паноа со името на кафе-ресторанот кои, во исто време, претставуваат декорација на просторот.



Во "Фитнес хаус" постои логична поврзаност на сите елементи во една целина, која го чини концептот на просторот јасен и крајно едноставен, но естетски пријатен за око. Исто како што е сè во природата, од каде што потекнуваат сите бои и материјали со кои е обликуван ентериерот на кафе-ресторанот. (Н.Н.)


Текстот е прочитан 3805 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter