Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 13:53

Големо чистење на организмот

Празниците завршија. Нека не ве чуди тоа што се чувствувате тромаво или вагата ви покажала неколку килограм плус.

Конечно дојде време да време да го исчистите организмот од мрсната храна, прасето, руските салати, од кифлите, питите, слатките, од алкохолот, чоколадите од пакетчињата на вашите деца, од газираните пијалаци и сè она што се го консумирале за празниците кои се зад вас. По чистењето на организмот, здравиот начин на исхрана и телесните вежби, за кратко време ќе се вратите во форма и ќе се чувствувате подобро

Големо чистење

Пред да започнете со детосикација, секако дека мора да имате план за детоксикација, регенерација и за преобликување.
Детоксикацијата, всушност, е исто како и големо раскревање на плакарот - ќе се ослободите од отпадот. По чистењето на организмот ќе се чувствувате свежо, во форма и со поголема самодоверба

Зошто детоксикација?

Телото на човекот секојдневно е изложено на влијание од загадениот воздух, пестициди, адитиви и од хемикалии. Но колку и да се трудите да се заштитите од сето ова, сè потешко ви оди. Всушност, денешниот товар на токсини е потежок отколку што нашите тела може да поднесат. Холистичките терапевти веруваат дека токсините кои телото не може да ги исфрли се таложат во организмот, што резултира во бројни болки: од главоболка, летаргија и желудочни проблеми, па сè до артритис, алергии и рак. Редовното прочистување, на само што го одмора организмот туку и го зајакнува. Иако, всушност, се работи за одрекување, не смеете да се чувствувате како нешто да ви е скратено. Следните четири недели пробајте некои од предложените третмани и вежби, па не само што ќе се чувствувате прочистено туку вашето тело ќе биде поспособно да се бори против отровниот непријател



Пред да започнете со какво било чистење на организмот:

1. Посоветувајте се со лекар, пред да прифатите каква било постапка на детоксикација, ако сте трудница, доилка или ако сте хронично болни. Во тој случај детоксикацијата не смее да трае повеќе од 7 дена. После тоа, подобро е да ја практикувате варијантата чистење на организмот со здрава храна.
2. Бидете внимателни со сауната како начин на детоксикација: со потење невозможно е да ги исфрлите сите токсини од организмот, а високата температура и влага на воздухот можат да предизвикаат дехидратација.
3. Купувајте секогаш свежо овошје и зеленчук.
4. Немојте да користите лаксативи кои ви ветуваат "целосно" чистење на организмот. Овие средства можат да бидат многу опасни, да предизвикаат тешки оштетувања, вклучувајќи и инфекции, како и перфорација на дебелото црево.
5. Не заборавајте да внесувате многу течности и продукти богати со растителни влакна. Се препорачуваат 8 чаши вода дневно, а внесот на растителни влакна е 25 грама дневно. На овој начин ќе ја спречите опстипација, која е честа појава при детоксикација.


Текстот е прочитан 1686 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter