Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2017, 13:29

ФИЛИП КРСТЕВСКИ, ФОТОГРАФ

Младите не разликуваат кич од мода

Дваесетгодишниот фотограф Филип Крстевски (20) беше меѓу интересните посетители на 15. Моден викенд во Скопје. Тој е студент на дизајн на текстил и материјали на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип, а со фотографија се занимава повеќе години.

"Фотографијата ми е најголемата мечта од детството и сè уште е, секој ден сум во потрага по совршена фотографија .
Уште во основно училиште ги избирав моите другарки и ги фотографирав со моето прво фотоапаратче, мојата секојдневна играчка што не бегаше од моите креативни рачиња", ни раскажа тој.
При фотографирањето најмногу го инспирираат убавината и младоста, а особено драги му се портретите и арт-фотографиите.
"Тогаш се чувствувам најреализирано, гримасите на лицето ја раскажуваат приказната за секој човек", додава Филип.
На тема уметничка фотографија, изработил повеќе серијали, како "Животот е трансформација" (Лифе ис трансформатион), "Американец" (Америцан Ман), "Девојката со сина коса" (Тхе гирл њитх тхе БЛУЕ хаир), "Конец на темнината".
На тема мода, дизајн и креации, вели дека го сака гламурот кај луѓето, но дека, за жал, како што смета, е ретко застапен кај нас.



"Зборот 'гламур' јас лично го користам кога сакам да опишам некого со убава надворешност. Често луѓето знаат да стават на себе премногу разновидни, неискомбинирани парчиња или да се премногу накитени, па тоа би го нарекол кич.
Тука би коментирал дел од девојките на македонската естрада, кои се веќе влезени во шоу-бизнисот и се толку млади и убави, но, за жал, со мали исклучоци го следат модерниот свет.
Денес сме 21 век, кога сите сакаат да бидат убави и млади. Ги поддржувам сите тие естетски промени, но, се разбира, да не се дојде до, народски кажано, претерување, за сè си има граница до каде што нештата треба да се прават.
Кичот постоел и ќе постои, но затоа, велам, додека им го крадете имиџот, бидете креативни и изградете си свој, верувајте многу е повкусно.
Младите, генерално, го следат трендот на модата и добро знаат како добро да го поврзат сето тоа. Но не секој млад човек има чувство за тоа како добро да изгледа", вели Тасевски.
Затоа на младите им порачува: "Следете ги повеќе модните ревии, повеќе прелистувајте ги модните списанија. Кога ќе ја согледате разликата меѓу модата и кичот, тогаш ќе почне да созрева вашиот стил".
(Б.Н.)


Текстот е прочитан 797 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter