Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.01.2017, 13:27

ДЕФЕКТ ГО ОСТАВИ ПОЛОВИНА СКОПЈЕ БЕЗ ГРЕЕЊЕ

Без парно, на помош ќебиња и греалки

Во услови на поларни температури, вчера половина Скопје остана без парно греење.

Попладне беше прекината испораката на топлинска енергија во централното градско подрачје и во делови од Карпош, поради голема загуба на вода во дел од мрежата. И додека екипите на дистрибуција со топлина "Балкан енерџи" се обидуваа на терен да го санираат дефектот, скопјани бараа начин да се стоплат во студените домови.
"Веќе три часа немаме парно, и станот веќе е оладен. Ако не добиеме парно до вечер, јас не знам како ќе ја поминеме ноќта кога надвор ќе биде -15. Тогаш не помагаат ни ќебиња ни јоргани. Немаме друг начин да го згрееме станот. Климата не функционира на олку студено време", се пожали жител на улица Ленинова.
Неизвесно беше и кога ќе биде отстранет дефектот.



"Екипите се веќе на терен и интензивно работат на санација на дефектот и на воспоставување режим на редовна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи да биде воспоставено во најкраток можен временски рок", информираа од БЕГ.
Тие упатија за дополнителни информации потрошувачите да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонот (02) 3076 200.


Текстот е прочитан 4161 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter