Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.03.2017, 12:22

Бегајќи со автобус, се забил во музички оркестар

Возач на автобус, кој ја загубил контролата врз возилото, влетал во маса народ во градот Гонаив, на Хаити, при што прво усмртил еден пешак и повредил уште еден, а потоа, во обидот за бегство, се забил во локален музички оркестар и убил уште 38 лица, соопштија локалните медиуми.

Уште 13 лица се повредени во овој инцидент што се случил вчераутро околу 4 часот изутрина по локално време во овој северен град, во кој живеат околу 300 000 лица, а кој од престолнината Порт-о-Пренс е оддалечен околу 150 километри, пренесуваат француските медиуми.
"Свиревме и се забавувавме, а тогаш налета автобусот, газејќи ги луѓето", изјави Жан-Ренал Едуар, еден од повредените, кој веднаш бил префрлен во болница.
"Автобусот прво покосил двајца пешаци, при што едниот бил усмртен на самото место, додека вториот се здобил со повреди", наведува Мари-Алта Жан Баптист, началник на службата за цивилна заштина на Хаити.
Возачот на автобусот на приватната компанија "Блу скај", потоа се забил во три групи улични музичари, додека со голема брзина се обидувал да избега од местото на несреќата, оставајќи зад себе крв на сите страни.
Бројот на повредени првично изнесуваше 17, но четворица од нив подоцна починаа во болница, соопшти националната полиција во Гонаив.


Текстот е прочитан 357 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter