Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 13:09

ВТОРА ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИКОТ ФИЛИП ФИДАНОВСКИ ИНСПИРИРАНА ОД ДЕЛАТА НА ШПАНСКИОТ МАЈСТОР

Со Пикасо во ЕУ

Во европска атмосфера, со сангрија, убави гости и во присуство на шпанскиот амбасадор во Македонија, Рамон Абароа Каранса, завчера во ЕУ-центарот во Скопје, уметникот и професор Филип Фидановски ги презентираше новите 16 минијатури од порцелан и од керамика, инспирирани од делата на славниот шпански уметник Пикасо.

Проектот насловен "Пикасо можеби јас - минијатура" е продолжение на изложбата од октомври 2016, која беше поставена во Музејот на Град Скопје.
Поставката содржи скулптури изработени во стандардна керамичка техника и порцелан, енгоба и глазура, печени на 1 100 Целзиусови степени. Повторно беше изложена скулптурата"Жената од Скопје", инспирирана од Пикасо, сопственост на Музејот на современа уметност во Скопје.
Изложбата на крајот од мај ќе биде поставена во новиот простор на "Божиновски часовници и накит" во Битола, симболично носејќи ја пораката дека и уметноста е иста како накитот, скапоцена.



Фидановски дипломираше 2002 година, на одделот за керамика, и магистрираше 2006 година, на Националната уметничка академија во Софија , Р. Бугарија Во периодот од 2003 до 2008 година, работеше како доцент на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во Скопје, Р. Македонија. Од 2008 година е професор во државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн "Лазар Личеноски" во Скопје. Досега има учествувано на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет. (К.Р.)


Текстот е прочитан 467 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter