Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.03.2017, 14:00

ЕМОТИВНА ПРЕМИЕРА НА МЈУЗИКЛОТ "ТАЈНО МОЈА" ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ВО МОБ

Никој не може да избега од спомените

Стоечки овации заработи и заслужи премиерата на мјузиклот "Тајно моја" во чест на Тоше Проески, во петокот во МОБ.

Проектот ја оправда целта, да се сочуваат и песните на Тоше Проески. А во новите аранжмани кои ги направија Кокан Димушевски и Сони Петровски, во придружба на оркестарот и на хорот на МОБ , "Тајно моја", "Громови на душа", "Сонце во твојте руси коси" и уште многу други, звучат богато и моќно. За тоа се најзаслужни главните улоги, талентираните пејачи Антониа Гиговска и Денис Димоски. Со мало пејачко искуство и без ни малку актерско, Антониа (16) и Денис (20) беспрекорно дебитираа во дело како што е мјузикл, пред полна сала.
Огнен Неделковски направил интересно љубовно сценарио кое не го опишува животот на Тоше, но дејството се случува токму во времето на Тоше, од почетокот на неговата кариера, па сè до неговото трагично загинување.



Ана (Антониа) и Филип (Денис) се борат за својата забранета љубов која со сите сили сакаат да ја сопрат таткото на Антониа, Андон (Игор Џамбазов) и мајката (Весна Петрушевска). Популарните и искусни актери се голем плус во мјузиклот, што покажаа и реакциите на публиката, и добра идеја на режисерот, Тони Михајловски. Дејан Лилиќ, Арна Шијак и Лазе Манаскоски се важен дел во мозаикот на актерската екипа.
Песните на Тоше, освен Антониа и Денис, успешно ги пеат и двете другарки на Ана кои ги играат Љупка Арсовска и Мила Николовска и другарите на Филип Симеон Коруноски и Ристе Гаровски. Големо браво за Сара Гигова, која ја глуми Бети од Крушево, сестрата на Филип. Таа во мјузиклот е најголемиот фан на Тоше и емотивно ја раскажува приказната за неговите успеси. _ помагаат малите ангели Калеша Џангаловска, Андреа Георгиевска и Марија Спасовска, а ангел во една сцена игра и Сара Мејс. Приказната ја збогатуваат и балетските солисти на МОБ со кореографија на Олга Панго. Диригент е Иван Еминовиќ. Претставата завршува како што и почнува, со песната од Тоше "За овој свет" и убава порака - дека никој не може да избега од спомените.
М.Џаровска
Фото О.Теофиловски


Текстот е прочитан 2213 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter