Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 11:03

Проект: Мал број компании вработуваат лица со посебни потреби

Се уште е мал бројот на домашни компании и организации кои вработуваат лица со посебни потреби, покажуваат информациите со кои располага тимот на проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“, поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп.

Оттаму истакнуваат дека иако во изминатите години биле донесени низа позитивни мерки за вработување на лица од оваа категорија реалноста говори дека е многу мал бројот на фирми кои ги користат поволностите кои ги нуди државата, а не ретко има и ситуации во кои работодавачите ги вработуваат само за да ги искористат бенефициите кои следуваат од државата.

- Следејќи ги статистичките податоци за бројот на невработени лица со посебни потреби за жал може да заклучиме дека од година во година очигледен е растот на бројот на лица со посебни потреби кои бараат работа, но, не наидуваат на вработување од страна на домашните компании. Во рамки на нашиот проект правиме напори и ќе реализираме низа на активности во соработка со нашите партнери од Здружението на студенти и младинци со хендикеп со цел подобро разбирање на состојбата на лицата со посебни потреби и изнаоѓање на што поголем број можности за унапредување и вработување на лицата од оваа категорија, укажуваат од проектниот тим.

Во рамки на овој проект биле отворени четири Инфо-точки во кои ќе работаат четири службени лица и тоа две во Скопје и по едно во Велес и Кавадарци во временски период од шест месеци каде со директни контакти ќе се остваруваат советодавни и информативни средби на лицата со посебни потреби и работодавачи.

Споредбено со мерките кои ги практикуваат земјите членки на Европската унија, велат од проектниот тим Македонија воопшто не заостанува во нивно следењето.

- Со закон во земјата се предвидени мерки за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидно лице, а опфаќа доделување неповратни средства за вработување на неопределено време на невработено инвалидно лице, адаптација на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку таа е потребна и набавка на опрема според критериумите и на начин утврден со акт на министерот за труд и социјална политика, ослободување од даноци и обезбедување на средства за придонеси и финансиска поддршка во работењето, се вели во соопштението.

Од проектниот тим сметаат дека доколку се земат предвид сите овие позитивни поволности и мерки за да се намали бројот на невработени лица со посебни потреби, очигледна е потребата од зголемување на свесноста на домашните менаџери и компании за потребата од обезбедување на работни места за лицата со хедикеп.


Текстот е прочитан 585 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter