Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 15:22

Груевски: Гасификацијата е капитален проект, го исполнуваме ветеното

Во тек е градбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола, капитален проект од 37 милиони евра, со што и во мигови на исклучителна сложеност на работите во државата ние продолжуваме да работиме и да го исполнуваме ветеното за граѓаните, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на својот фејсбук профил.

- Република Македонија од својата самостојност до денес се соочува можеби со еден од најчувствителните периоди, важни за нејзиното понатамошно функционирање и постоење. Народот и сите граѓани покажуваат исклучителна зрелост и го препознаваат моментот кога треба да се одбрани суверенитетот и нејзиниот граѓански карактер. Дури и во овие мигови на исклучителна сложеност на работите ние продолжуваме да работиме и да го исполнуваме ветеното за граѓаните. Можам да објавам дека во тек е градбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола кој е капитален проект за илјадници граѓани и е во должина од 92 километри и вкупна вредност од 37 милиони евра, вели Груевски.

Според него, овој проект е од значење за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, има реална вредност и е во согласност со дадените ветувања за подобар живот на граѓаните.

- Ова е проект со опиплива вредност за реалниот живот на граѓаните и на овој начин докажуваме дека решавањето на секојдневните проблеми е реперот по кој треба да се вреднува нашата работа, за сметка на наметнувањето на теми кои произведуваат поделби, конфликтност и раздор, како што тоа го прави СДСМ, теми кои се опасни за граѓанското единство. Народот е мудар и јас цврсто верувам дека сите ние ќе излеземе посилни од кризата која ни ја наметнаа. Продолжуваме непоколебливо и силно да работиме за остварување на ветеното, реализирајќи проекти за подобар живот на граѓаните, порачува Груевски.

Тој истакнува дека овој гасовод ќе биде готов за околу две години и дека во напредна фаза е и изградбата на гасоводот Штип – Неготино кој треба да биде завршен до крајот на оваа година, а веќе се работи и на гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар.

Груевски вели дека со изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола ќе се обезбеди гас за илјадници домаќинства.

- Тоа значи заштеда на семејните буџети преку добивање на исплатлив енергенс, стимулација и можност за поголема добивка на бизнис секторот, како и корист за земјоделските оранжерии кои ќе можат да го користат гасот по поевтина цена. Меѓу другото, гасификацијата е и значаен фактор за намалување на загадувањето на воздухот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


Текстот е прочитан 391 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter