Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.03.2017, 12:59

ГРАДОТ СE УШТЕ РАБОТИ НА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА ЗА ДЕЛ ОД ТРАСАТА НА БУЛЕВАРОТ

Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Иако автопералницата сè уште го блокира булеварот, од Градот велат дека изградбата оди според договорот, кој предвидува пуштање во употреба пред летово

Автопералницата остана како чир на булеварот "Трета македонска бригада". Булеварот е пробиен и изграден, со исклучок на делот во кој е автопералницата. Од оваа недела по него се вози, иако официјално не е пуштен во употреба. Фали завршниот слој асфалт, но се вози по булеварот, оти градежните работници почнаа да го уредуваат спротивниот правец. По новиот дел од булеварот се вози сè до автопералницата. Тука возилата се префрлаат на стариот дел од булеварот, ја заобиколуваат пералницата и се враќаат повторно на новиот дел. И покрај тоа што автопералницата сè уште пречи, од Градот велат дека изградбата на "Трета македонска бригада" оди според планот.
"Булеварот 'Трета македонска бригада', според роковите предвидени во договорот, треба да биде завршен и пуштен во употреба пред летово, и Град Скопје очекува тие да бидат испочитувани. Во меѓувреме, се работи и на градежните работи и се водат постапките за експропријација", велат од Град Скопје.
Истото објаснување за автопералницата дека се работи на експропријација, Град Скопје го дава веќе шест месеци. За изградба на булеварот во истата линија со автопералницата беа урнати и објекти кои се постари неколку децении од овој објект, но од Градот не даваат објаснување зошто за него сè уште не е завршена експропријацијата.
"Трета македонска бригада" почна да се проширува во булевар во 2013 година. Булеварот веќе сега има четири ленти, но двете ленти во насока кон Лисиче ги пресекува автопералницата. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 1605 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter