Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.03.2017, 14:00

НБА

Бостон го изненади првакот Кливленд

Бостон селтикс го изненади првакот Кливленд кавалирс совладувајќи го на домашен терен со 103:99.

Ајзеа Томас со 31 поен ги предводеше Келтите, додека Леброн Џејмс оствари трипл-дабл за "коњаниците" од 28 поени, десет асистенции и 13 скока.Двата тима имаа свои моменти, за во последниот период буквално постојано да се игра кош за кош и притоа дојде до трилер-завршница во која домаќините имаа повеќе концентрација и среќа, па го запишаа 39. триумф во сезоната.
Во дерби-пресметката на Западот, Хјустон со убедливи 122:103 победи на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс. Најдобар поединец кај гостите беше Џејмс Харден, кој за 35 минути поминати на паркетот забележа 26 поени и 9 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ: Орландо-Њујорк 90:101, Атланта-Далас 100:95, Мајами-Филаделфија 125:98, Торонто-Вашингтон 96:105, Бостон-Кливленд 103:99, Милвоки-Денвер 98:110, Њу Орлеанс-Детроит 109:86, Сан Антонио-Индијана 100:99, Јута-Минесота 80:107, Клиперс-Хјустон 103:122, Сакраменто-Бруклин 100:109.



Голден Стејт потпиша со Калдерон па го избрка за два часа

Со недели најавуваното засилување за Голден Стејт, Шпанецот Хозе Калдерон имаше неверојатно кратка авантура во дресот на бившиот првак кој не успеа ниту да го облече.
Голден Стејт прво потпиша со Калдерон, но мораше да го избрка после два часа бидејќи во меѓувреме стигнаа лоши вести за повредата на Кевин Дурент и мораше да ангажира играч на крилната, наместо на плејмејкерската позиција.
Првиот стрелец на тимот ќе биде надвор од терените најмалку четири недели, па сега "воините" се очекува да го потпишат ветеранот Мет Барнс.
Мала утеха за Калдерон е тоа што Голден Стејт ќе го испочитува оригиналниот договор со важност до крајот на сезоната и целосно ќе му ја исплати сумата од 415.000 долари. Калдерон всушност без играње заработувал по 200.000 долари на час.


Текстот е прочитан 395 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter