Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.02.2017, 13:35

УКРАИНА ГИ ПРЕТСТАВИ НОВОТО ЛОГО И СЛОГАНОТ ЗА ЕВРОСОНГ 2017

Да ја славиме разноликоста

Клучната порака на Евросонг 2017, логото "Да ја славиме разноликоста", ќе биде надополнета со креативниот дизајн за логото со намисто, традиционален украински нанижан ѓердан.

Намисто е многу повеќе од парче накит, тоа е амајлија и симбол на убавина и на здравје. Се состои од најразлични мониста, кои симболизираат разноликост и индивидуалност. За дизајнот на логото беше искористен традиционалниот ѓердан, со модерен шмек, светли бои и со разиграни шари. Шареноликоста на монистата во ѓерданот ја симболизираат идејата на Евросонг, дека секој од нас е уникатен и дека сите сме преплетени во заедничката љубов кон музиката.
"Да ја славиме разноликоста" ќе биде главна тема на Изборот на песна на Евровизија 2017, и таа ќе се одрази во продукцијата, комуникацијата и самите музичари што настапуваат. Годинава Украина ќе ја слави соработката меѓу културата, технологијата и индивидуалниот креативен жар на сите 43 музичари.



"Славењето на разноликоста е надградување на ланската тема 'Да се обединиме' , и тоа е во срцевината на вредностите на Евровизија: дека е инклузивен настан што ги опфаќа земјите од Европа и пошироко, настан на кој се обединуваме за да го славиме она што ни е заедничко и нашите уникатни разлики", вели Јон Ола Санд, извршен супервизор на Евросонг.
Годинава, музичари од 40 земји ќе се соберат во Киев и ќе придонесат со своите музика и култура кон изборот, а организаторите ќе го додадат уникатниот украински шмек.
Украина по втор пат е домаќин на Изборот на песна на Евровизија. Двете полуфинални вечери годинава ќе се одржат на 9 и на 11 мај, а финалето е на 13 мај, во ИЕК во Киев. Македонија ќе ја претставува Јана Бурчевска, која ќе пее во првата половина на второто полуфинале. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1170 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter