Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.12.2016, 18:07

ИЗЛОГ

Треска

Пишува Лејла САБИТ - Скопје го фати треска

Скопје го фати треска.
Празнична и вирусна.
Сите зборат за Нова година.
Половината се лечат од настинка и од вироза.
Треската не избира пол ниту возраст, ниту вистинско време.
Ве напаѓа кога најмалку се надевате.
Кога се опуштате и мислите на убави работи, моменти, на одмор, на неостварени желби, кога мислите дека сте уште млади, ама телото и паметењето ве издаваат.
Пријатели ве канат на предновогодишен шопинг, со колегите го трошите времето на кафе, се спремате за предновогодишни забави, а од новогодишните честитки абер нема.
Треската веќе не е филмска, како на саботната вечер, иако 31. се паѓа во сабота.
Вистинска е, со сите мани и доблести, очекувања и разочарувања.
Така ја завршуваме и така ја почнуваме Новата 2017 година.
Со желби за повеќе здравје, повеќе убави моменти и причини за славење, повисок животен стандард и за повеќе почит меѓу луѓето.
Да сме покрај луѓе што нè прават подобри личности и со семејството.
За празниците ја сфаќаме важноста на доброто, вистинското, а го препознаваме лажното и лицемерното.
Уживајте додека купувате подароци, додека го украсувате домот и ја подготвувате трпезата.
Направете си своја новогодишна и божикна приказна.
Заслуживте, по 364 дена откажувања, предизвици и борба.
Празници се ближат.

l.ѕаbit@vest.com.mk


Текстот е прочитан 1157 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter