Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2017, 13:15

БЕЗВРЕМЕНОТО ТВОРЕШТВО НА ГОЛЕМИОТ СЛИКАР НА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈОТ НА МНТ

Театарски шепотења на Кондовски

Предмети кои ја раскажуваат театарската и филмска приказна на портретистот, сценограф, костимограф и ликовниот педагог Димитар Кондовски се изложени во Музејот на Македонскиот народен театар.

Изложбата насловена "Шепотот на уметникот со уметниците" беше отворена прексиноќа, на одбележувањето на 72 години од основањето на националниот театар.
Кустосите Јасминка Намичева и Екатерина Намичева се авторки на изложбата на 103 дела, уметнички слики, портрети во најразлични сликарски техники, цртежи, сценографски скици, костимски анализи и други вредни експонати кои сведочат за богатата историја на театарот.
"Љубовта градена кон историските, ликовните, културните, духовните и домаќинските вредности, овде пред сите нас штедро ја распостила Кондовски, насочувајќи го нашето внимание кон сите нему драги луѓе - неговите театарџии, воздигнувајќи го нивното постоење до божествени граници", истакна, меѓу другото, Намичева, и заврши: "Ве поканувам уште еднаш на раат да испиеме по една чаша божевина, шепотејќи на ти со Кондовски".



Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска рече дека во годината кога се одбележуваат деведесет години од раѓањето на Кондовски, преку оваа изложба се откриваат нови ексклузивни масла на платна и цртежи на големиот пријател и соработник на МНТ, артефакти кои имаат цел да ни доловат еден важен сегмент од театарската уметност во нашата земја, виден низ очите на Кондовски.
"Овие дела, од кои дел се во сопственост на МНТ, а дел на семејството Кондовски, се вредно сведоштво за пријателствата помеѓу уметниците во театарот, меѓу кои големиот уметник е постојано присутен ", рече министерката.
Намичева и Канческа - Милевска му се заблагодарија на семејството на Кондовски, без чија огромна заложба и помош немаше да се реализира изложбата. Директорот на МНТ Дејан Пројковски $ додели плакета на Хилдегард Кондовска, како благодарница за значајното одбележување на роденденот на Театарот, која ја прими нејзината ќерка Марија Кондовска.
Стручен соработник на изложбата е долгогодишниот истражувач на творештвото на Кондовски Емил Алексиев.


(Б. Н.)
Фото: О.Теофиловски



Текстот е прочитан 595 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter