Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 14:07

Здравје и убавина

10 совети за спас на крвните садови

1. Риба место месо

"Јас ги охрабрувам сите мои пациенти секоја недела место неколку оброци со месо, да земаат еден или два оброка со риба", вели д-р Ејвери.

Рибата е идеален начин да се зачува срцето, бидејќи содржи заситени и незаситени масти од повеќето видови месо. Покрај тоа, оние од ладните води, како што се лососот, бакаларот, харингата и туната, имаат уште една тајна за здраво срце: масните киселини омега-3. Тие специјални киселини го намалуваат крвниот притисок, го спречуваат згрутчувањето на крвта и го зголемуваат добриот холестерол ХДЛ.

2. Зеленчук
Јадете повеќе зеленчук секој ден, особено кељ, зелка и брокула. Тие претставуваат златен рудник на антиоксиданси и други фитохемикалии, кои срцето ги сака.

3. Лук
Само една главичка дневно ја намалува опасноста од срцев удар најмалку за трипати. Лукот не им дозволува на црвените крвни зрнца да се залепат и да ги затнат артериите, ги намалува нивните оштетувања и го спречува холестеролот да се таложи во артериите и да ги блокира.

4. Минерали
Минералите, како што се калциумот, магнезиумот и калиумот, се главни актери во сценариото за здраво срце. Во една од помалку познатите улоги, калциумот е дел од протеините што го регулираат крвниот притисок. Тој е задолжен за две работи: ги контролира притисокот и отчукувањата на срцето. Иако во организмот малку го има, магнезиумот е значаен за правилна работа на срцето, заштитувајќи го тој витален орган од заболувања, но и од висок притисок.

5. Маслиново масло
Заменете ги путерот и маргаринот со маслиново масло, ставете го во салата и употребувајте го за готвење кога ви е потребно. Но само ладно цеденото маслиново масло содржи најмногу антиоксиданси, кои го чуваат срцето.



6. Витамини од Б-групата
Витамините Б6 и Б12 и фолната киселина ја држат состојката хомоцистин под контрола. Тоа е аминокиселина што се наоѓа во крвотокот и ако нејзиното ниво е премногу високо, може да дојде до затнување на артериите. Неодамна научно беше докажано дека недостигот на одредени Б-витамини предизвикува зголемување на нивото на хомоцистинот. Изобилство на фолати (природна форма на препаратот фолна киселина) ќе најдете во темнозелените листови на зеленчукот и во гравот. Витаминот Б6 го има во рибата, во интегралните житарки, во производите од соја, во овошјето. Кога станува збор за витаминот Б12, можностите се намалени, зашто најмногу го има во црвеното месо, а на нашето срце не му се потребни опасните заситени масти, кои се дел од пакетот. За среќа, витаминот Б12 го има и во млекото, па ако пиете обезмастено млеко, ќе ги искористите неговите предности без да ги консумирате непожелните масти од животинско потекло.

7. Продукти против мозочен удар
Исхраната богата со калиум може да го спречи мозочниот удар од кој умираат стотици илјади луѓе во светот. Овој минерал го намалува и високиот крвен притисок, кој, исто така, мачи голем број луѓе. Еден компир печен со лушпа, една чаша сок од сливи, пет исушени половини од праска, една чаша посен јогурт, десет сушени половини од кајсија, една чаша сок од портокали, една банана, една чинија варен спанаќ и една чаша сок од домати се продуктите што се супербогати со калиум.

8. Овошје со тврда лушпа
Студиите покажуваат дека луѓето што неделно јадат повеќе од 150 грама овошје со тврда лушпа, имаат за една третина помала шанса да добијат болест на срцето или срцев напад.

9. Сок од цитрон
Овој сок може да ги спречи згрутчувањето на крвта и оксидацијата на лошиот ЛДЛ-холестерол. Едно предупредување: не земајте лекови за намалување на притисокот со сок од цитрони! Оваа комбинација го спречува организмот да ги апсорбира блокаторите на калциумските канали.

10. Соја
Растителните протеини, особено протеините од сојата, го јакнат срцето и го намалуваат нивото на холестеролот.


Текстот е прочитан 10126 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter