Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.12.2016, 13:40

СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ ИЗГЛАСА ИЗМЕНИ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Линијата 28 до Македонско село, од пробна, станува редовна

Нови возни редови се направени на линиите 7, 17, 18а, 21Б, 28, 56, 56а, 65а, а корекција на одредени термини има на линиите 15, 15А, 24, 65В, 11, 11а, 18, 33, 44, 58, 58а, 58б, 80а, 163 и 165, стои во одлуката за измените во јавниот превоз

Дел од линиите на Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" имаат нови термини на поаѓање во постоечките возни редови, има промена на траси на некои линии, поместување и продолжување на трасите и дополнување на мрежата на линии со нови, досега пробни линии.
Советот на Скопје вчера ги изгласа измените, кои се засновани на информации добиени од граѓани корисници на јавниот превоз, барања од корисници за подобрување на квалитетот на превозот, предлози добиени од средби со граѓани од урбани заедници, а дел од измените се резултат на податоци од снимања на линиите и анализирање на податоците од системот за АВЛ и "Смарт тикетинг".



"Пробната линија со број 28 до Македонско село станува редовна линија, линијата 13, наместо Железара-Кисела Вода (игралиште), се менува во Железара-Кисела Вода, линијата 24, наместо Кисела Вода(Припор) - Тафталиџе2, се менува во Кисела Вода (Припор, игралиште)-Тафталиџе2. Линијата 65 В се менува во Транспортен центар - Стајковци(Инџиково, Црешево, пат за Брњарци). Поради воведувањето нови линии и продолжувањето на линии зголемен е бројот на возила и на возачи. Нови возни редови се направени на линиите 7, 17, 18а, 21Б, 28, 56, 56а, 65а, а корекција на одредени термини има на линиите 15, 15А, 24, 65В, 11, 11а, 18, 33, 44, 58, 58а, 58б, 80а, 163 и 165, стои во одлуката за измените во јавниот превоз.
Сите измени, од ЈСП велат дека патниците ќе можат да ги најдат на нивната веб-страница. Одлуката за измените во превозот официјално стапува во сила осмиот ден од објавувањето во "Службен гласник на Град Скопје", но ЈСП потсетува дека дополнително ќе ги информира патниците за тоа од кога ќе почнат да се применуваат измените. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 906 пати.
#
Триесет кандидати се обучуваат за професионални пожарникари
Простор за 250 деца во градинката "Штркче"
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Скопје се чисти од новиот снег
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter