Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.12.2016, 14:07

Време е за готвење

Сарма од кисела зелка

Потребно:

750 г мешано мелено месо (говедско и свинско)
150 г сланина
150 г маст
1 поголема главица зелка
50 г ориз
1 поголема главица кромид
црн пипер
црвен пипер
магдонос
сол

Приготвување: Ставете го месото во поголем сад. Исечкајте го ситно кромидот, ставете го во месото, потоа исечкајте ситно 50 г сланина и ставете ја во месото, магдоносот, оризот, црвениот пипер, маста, посолете по вкус и измесете го месото убаво со сите состојки. Земете ја зелката и вадете листови. Отсечете ги жилите од листовите и ставете од месото и виткајте сарми - големина по желба. Во подлабок сад ставете на дното неколку листа од зелката и редете ги сармите една до друга. Остатокот од сланината исечете го на листови и ставајте го меѓу сармите. Откако ќе се направат сармите, прелијте ги ако не е многу кисела зелката со расолница, а ако е кисела, тогаш со вода. Затворете го садот со алуминиумска фолија и ставете го во рерна да се вари 2-3 часа на умерена температура од 150 степени.


Текстот е прочитан 2264 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter