Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.02.2017, 13:21

КУРАТОРКА ОД ЊУЈОРК СО ПРЕДАВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

Преку МоМА за спомениците и за идентитетот

Вечерва, во клубот ГЕМ, во 19:30 часот, предавање ќе одржи Линеа Вест, кураторка и координаторка на програмата Си-меп на Музејот на модерна уметност (МоМА) во Њујорк.

Темата е "Национализми, споменици и идентитет на културата: наследства на модернизмите во современиот момент и начини на отпор".
Првиот дел од ова предавање се однесува на нејзиното истражување на национализмот и на постсоцијалистичките споменици низ призмата на историјата на уметноста. Според Вест, спомениците се користеле/користат за да се формира национален идентитет преку поправање на колективната меморија во долгорочна културна меморија.
Таа ги зема примерите како паркот Мементо во Будимпешта и, како што вели "програмското шоу 'Скопје 2014'", кои според неа, покажуваат како проектите, на различни начини, реагираат на модернистичките наследства и ја злоупотребуваат формата на споменик.
Вториот дел од ова предавање ќе разгледува како уметничките заедници во Њујорк и во Будимпешта се организирале во отпор кон десничарскиот авторитарен национализам со стратегии што ги истакнуваат граѓанските активност и протест.
Предавањето ќе биде одржано на англиски јазик и е дел од серијата настани што се поврзуваат со наградата "Денес", која се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија, а ја доделува Центарот за современи уметности - Скопје, кој е соорганизатор на предавањето на Вест, заедно со ФРУ - Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје. (М.За.)


Текстот е прочитан 806 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter