Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 13:38

Децата од Вардар ДБ ги запознаа своите идоли

Додека школите кои се дел од Ракометната академија Вардар се подготвуваат за почеток на вториот дел од Вардар Јуниор лигата, момчиња и девојчиња од Вардар ДБ од Кавадарци имаа шанса во салата на спортскиот центар „Јане Сандански" да ги гледаат мајсториите на ракометарките на Вардар во натпревар од лигата на шампионите.

Натпреварот со францускиот Мец заврши со 23:21 за Вардар.
Децата од трибините навиваа и славеа на секој гол, а ја прославуваа и секоја одбрана на брилијантните Амандино Лејно и Мајса Песоа. Посетата на натпреварот беше дел од школската екскурзија организирана за децата од Градско.



Вардарки беа среќни за победата, а уште посреќни што на паркетот им се придружија над 30 - тина насмеани лица чија желба е еден ден да бидат ракометари и ракометарки. Децата не ја криеја возбудата додека правеа селфија, собираа автограми, а некои еуфорично се сетија со прегратки да им ја честитаат победата на своите идоли.

Целиот тим се придружи на фотографирање со децата. Ања Алтхаус, Татјана Хмирова, Мајса Песоа, Камила Херем, Јованка Радичевиќ, Амандин Лејно, Тамара Мавсар, Сања Дамњановиќ, Андреа Лекиќ, Барбара Лазовиќ, Ина Суслина, Сања Ристовска, Александра Лакрабер, Андреа Пенезиќ, Андреа Човиќ, како и Андреа Кликовац по групната фотографија останаа во салата и на кратко да се подружат со децата.

Седумгодишната Надја Лазова е дел од групата дечиња од Градско кои тренираат ракомет во школата на Вардар ДБ од Кавадарци. Вели дека е с? уште мала да има идол, но сака еден ден таа некому да биде идол, како и голманките на Вардар.

„Среќна сум дека Вардар победи. Среќна сум и што дојдовме да навиваме. Ракомет почнав да тренирам неодамна и многу ми е интересно. Јас сум второ одделение, а на ракомет одам заедно со другарчињата од училиште. Тренерот н? учи да си подаваме топка, да ја водиме и да шутираме, а јас сакам да бидам голман. Вежбаме прво девојчињата, а потоа групата со машките деца", вели Надjа.

Осмооделенецот Христијан Лазовски веќе 4 месеци тренира ракомет.

„Тренирав фудбал, но се префрлив на ракомет. Сега сум лев бек, а идол ми е Тимур Дибиров, кој игра лево крило. Во ракометната школа имаме одлични услови за тренирање. С? уште не сум играл ракометен натпревар, но тоа ми е голема желба, а Ракометната академија Вардар овозможува многу можности за натпревари", вели Христијан.

Од трибините на кратката фотосесија се придружија и девојки и момчиња од Урдаревски Вардар, додека на трибините останаа нашите млади ракометари од Ангели Вардар, како и група на девојчиња од Кастратовиќ Вардар, од Будимир Вардар, од Кисела Вода Вардар, кои присуствуваа на првиот домашен натпревар на Вардар во 2017 година.

Сите членови на нашите регионални единици во рамките на Ракометната академија, можат бесплатно да присуствуваат на натпреварите на првите тимови од домашните првенства, од СЕХА лигата на мажите и од Лигата на шампиони на жените.




















Текстот е прочитан 813 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter