Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ „ВЕСТ“ НА ЕВРОВИЗИЈА ВО СТОКХОЛМ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.12.2015, 15:46

САКАМ ДА КАЖАМ

Слика убава

Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

Драги мои,

За две недели, на 12 јануари 2016 година колумната "Сакам да кажам" ќе прослави 25 години. Првата колумна беше објавена на 12 јануари 1991 година во "Вечер", а од првата сабота по основањето на "Вест", од 8 јули 2000 година ја пишував тука. Последната колумна излезе во "Вест" минатата сабота.

"Сакам да кажам" нема да го слави 25-годишниот јубилеј во "Вест". Такви се условите. Политичка криза е. Компанијата распиша оглас за главен уредник на весникот. Сите дванаесет уредници од сегашниот уреднички колегиум се пријавија на огласот. Повеќето се во редакцијата од првиот ден на весникот кој го основав. Се пријавија, сосе мотивациско писмо. И сосе слика. Оти такви се условите. Политичка криза е. На огласот се пријавив и јас. Сосе слика. Убава слика.

Жал ми е што и покрај тоа што сопственици на компанијата се едни од најуспешните бизнисмени во земјава и во регионот, тие не успеаја да го заштитат весникот од политичката криза. Жал ми што и врвниот светски политичар и дипломат Срѓан Керим, како еден од газдите и заштитно лице на успешната компанија МПМ, не успеа да ги заштити јавниот интерес и "Вест"од политичката криза.

Му посакувам повеќе успех во заштитата на светот од разни неправди и политичките кризи на местото за кое конкурираше во ОН.

Секогаш сум кажувал дека колумната не е моја, туку е ваша. Белешките за неа се собирани во дружба со пријатели, низ муабет и дружење во редакцијата, со колеги од други медиуми, со моите најблиски дома, со читатели што ме препознавале по продавници и по кафеани, со минувачи на улица, со комшии...

Затоа и сум И` го дал името "Сакам да кажам". И се додека вие имате што да кажете, колумната ќе постои.

Муабетот продолжува. Вие останувате моја инспирација.
Да сте ми живи и здрави.

Горан

 


Текстот е прочитан 40673 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ИЗЛОГ
Село
Пишува Лејла САБИТ - Некој бега од село......

"Атека" е СУВ-првенецот на "Сеат"
"Нисан" пред десет години со оригиналниот "кашкаи" направи мешаница во сег...
"Пежо" ја претстави новата генерација на "3008"
Француските брендови се познати по иновациите кои по секоја цена ги воведу...
Британскиот премиер на жена му и купи половна кола за 2.000 евра
Кога сопственикот на плацот за продажба на половни возила од Оксфордшир пр...
Новиот "гранд сеник" е поголем за број
После новата генерација на "сеник", "Рено" пред светската премиера на Саем...
„Тојота“ и „Убер“ стануваат партнери
"Тојота" и "Убер" потпишаа меморандум за разбирање како најава за можната ...
ХУМАНОСТ
ХУМАНОСТ
Апел за помош на малата Ели
Топол дом за Жиката од Прибилци
Да и` помогнеме на Матеа побрзо да се врати во училиште кај своите другарчиња

ФотоТОП 25 најзгодни политичарки во светот
ФотоЌерката на Жан Клод Ван Дам поопасна од таткото

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Мусака од печурки
Подготовка: Печурките исечени на листови се динстаат со кромидот, додека к...
Site Meter