Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.12.2016, 13:10

СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР Е ВО ЦЕЛОСНА НАДЛЕЖНОСТ НА САРАЈ

Градот и со документ го отпиша езеро Треска

Отписот од евиденцијата го изгласа Советот на Скопје на последната седница

Спортско-рекреативниот центар езеро Треска ќе се избрише од сметководствената евиденција на Град Скопје, односно на ЈП "Паркови и зеленило". Отписот од евиденцијата го изгласа Советот на Скопје на последната седница.
"Со одлука на Владата на Република Македонија од 12.11.2013 година, СРЦ езеро Треска се пренесува во сопственост на Општина Сарај. Бидејќи ЈП 'Паркови и зеленило' го одржувале рекреативниот центар од 2006 до 2013 година, потребно е да се отпишат недвижните ствари лоцирани во рамките на границите на центарот од сметководствената евиденција на ЈП 'Паркови и зеленило'- Скопје", стои во образложението за отписот.
Надлежните повеќе од дваесет години бараат решение за повторно заживување на езерото Треска.



До пред три години различни решенија најавуваше Град Скопје, но не реализираше ниту едно од нив, а веќе три години планови за езерото прави Општина Сарај. Оттаму најавија дека запуштениот комплекс ќе го направат вистинска туристичка атракција, но досега од Општината има само изговори зошто не се реализираат ветувањата.
Езерото Треска скоро 20 години е затворено за капење, бидејќи водата е загадена. Но и покрај забраната и предупредувањата дека водата не е бактериолошки чиста, со години наназад жителите од овој дел од градот го користат за разладување во лето и за прошетки зиме. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 2563 пати.
#
ЈСП се враќа на 9-ка и 19-ка
Аби голтнал камен фрлен од посетител
Центар ќе ја урива дивоградбата на "Самоилова"
Со високи казни ќе се спречува паркирање на "Боемска 2"
Годинава подземни контејнери на 12 нови локации низ Скопје
"Паркови" привремено ќе пресели 14 дрвја од "Народен фронт"
Пцовиса Аби, братчето Кан остана само
Во Карпош нема да има зонско паркирање
26,8 милиони денари за прскање против комарци
Бесплатен јавен превоз во Скопје до намалување на аерозагадувањето

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter