Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.03.2017, 13:37

В ПОНЕДЕЛНИК ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Поднесени 182 барања за субвенции за печки на пелети

За 2017 година се предвидени 10 милиони денари или околу 330 субвенции за набавка на нови печки на пелети

Сто осумдесет и две барања за субвенции за печки на пелети се поднесени досега од објавувањето на јавниот повик. Барањата моментно се во фаза на разгледување, а Комисијата почнала и со теренска проверка на дадените локации каде што ќе бидат поставени печките.
Најдоцна до понеделник, 13 март, скопјани ќе можат да аплицираат за субвенции за купување печки на пелети. Сите апликации што ќе пристигнат по овој датум, воопшто нема да бидат прифатени, ниту разгледувани, соопшти Град Скопје.
За 2017 година се предвидени 10 милиони денари или околу 330 субвенции за набавка на нови печки на пелети. Јавниот повик почна на 27 февруари и ќе трае заклучно со 13 март.


"Оваа година, јавниот повик ги опфаќа граѓаните на Град Скопје што се затоплуваат на печки со дрва, јаглен, нафта и на мазут и претставува една од мерките што ги презема Град Скопје со цел подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух", наведува Градот.
Услови за добивање субвенција се барателот да нема искористена субвенција за таа намена од кој било извор во Македонија; да е жител на град Скопје; да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или на мазут; новата печка на пелети што ќе ја купи да биде инсталирана и да се користи на истата адреса од личната карта, да нема приклучок на градско централно греење во објектот каде што е инсталирана; станбениот објект да не е во фаза на градба и барателот да има платено данок на имот за објектот каде што е инсталирана печката, заклучно со 2016 година.
Граѓаните треба да ги поднесуваат документите до архивата на Град Скопје, секој ден од 9:30 до 15 часот. На минатиот јавен повик, објавен во 2016 година, беа доделени 196 субвенции.


Текстот е прочитан 1074 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter