Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.09.2015, 12:42

УБАВИ ПРОСТОРИ

Шоу-рум за свадбени декорации

Бели и шарени цветови, аранжирани во бидермаери, букети и венци создаваат весела атмосфера во ентериерот на просторот за продажба на цвеќиња и за изнајмување свадбени декорации "Мели вединг планер", кој се наоѓа во Скопје.

Ентериерот во кој се вткаени соништата на идните невести и младоженци го проектирала архитектката Андријана Деспотовска, земајќи ги предвид идејата на сопственичката Камелија Пачемска и потребите кои треба да ги задоволи ваквиот тип простор. Во него има место за продажба на цвеќиња, простор уреден со софа, фотелји и со други елементи за седење каде што клиентите можат да ги разгледаат проспектите со декорациите кои ги нуди "Мели вединг планер", помошни простории и скали кои водат до шоу-рум, наменет за презентација на дел од производите.



Просторот е еклектичен. Во него се испреплетуваат различни стилски и декоративни елементи, кои се надоврзуваат едни на други и создаваат една целина со јасен концепт, во кој како естетски најинтересен се издвојува шоу-рум просторот.



Тој има големина од 130м2 и е дефиниран со ѕидови во окер тонови, бродски под и со бел плафон. Содржи декорација во која се чувствува нота на гламур, што е одличен избор за простор во кој се изложуваат производи со стилски дизајн, како што се свеќници, вази, мобилни столпчиња со гипсени декорации, плетени корпи и саксии за цвеќе. Украсите за столови и маси од текстил, есцајг, чаши и чинии за свечени пригоди се изложени на маси, на полици од дрво и пултови, и создаваат атмосфера како дома. (Н.Н.)


Текстот е прочитан 13246 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter