Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.02.2017, 15:04

Британскиот министер за Европа сер Данкан во посета на Македонија

Британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан утре ќе допатува во посета на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со шефот на дипломатија Никола Попоски и лидерите на сите политички партии застапени во македонското Собрание.

Како што информираат од Британскиот форин офис, на средбите ќе се разговара за актуелната политичка ситуација, потребата за итни реформи кои ќе овозможат напредок кон членството во НАТО и ЕУ, како и плановите на лидерите за изградба на просперитетна и инклузивна држава.

Министерот сер Данкан, во рамки на дводневниот престој во државата, ќе се сретне и со претставници на граѓанскиот сектор, на СЈО и институции поврзани со владеењето на правото, со фокус на иднината на Македонија.

Посетата на сер Данкан на Македонија, која доаѓа неполна година од посетатата на неговиот претходник Дејвид Лидингтон, се оценува, ја нагласува посветеноста на Британија да биде активен поддржувач на Западниот Балкан. Дводневниот престој во Скопје е дел од неговата западно-балканска турнеја во чии рамки прва станица е Подгорица.

Пред посетата на регионот тој изјави дека Западниот Балкан е клучен регион за Британија и Лондон останува посветен на тоа да има активна улога како поддржувач. Според сер Данкан, Британија ќе ја напушти Европската унија, но не ја напушта Европа.

- Ние сме долгогодишен поддржувач на Македонија и Црна Гора на нивниот пат кон членство во ЕУ и НАТО, за што е потребно значаен напредок во реформите на двете земји. Се разбира, предизвиците се тука и многу би сакал да слушнам од политичарите и граѓанскиот сектор со цел подобро да разбереме како Обединетото Кралство може да ги поддржи двете земји да бидат стабилни и просперитетни, вели во изјавата сер Данкан.

На средбите, како што е најавено, ќе стане збор и за унапредување на можностите за идна соработка во областа на безбедноста, економската соработка и мигрантската криза.


Текстот е прочитан 512 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter