Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.01.2017, 13:26

ОПШТИНА АЕРОДРОМ ГО МЕНУВА ОСВЕТЛУВАЊЕТО

Штедливи светилки за крстот во Ново Лисиче

Повеќе од две недели крстот во Ново Лисиче, сместен на крстосницата на булеварите "Трета македонска бригада" и "Србија" е без осветлување.

Жителите од околината велат дека одвреме-навреме свети по некоја светилка, а дека во вторникот вечер биле вклучени сите светилки, но со многу слаба светлина.
"Во моментов се работи на осветлувањето на крстот, што значи следната недела ќе биде целосно осветлен. Станува збор за поставување штедливи светилки, кои значително ќе ги намалат трошоците за енергија за осветлување", објаснуваат од Општина Аеродром. Според нив, осветлувањето на крстот ќе чини околу 6,5 милиони денари.



Инаку, крстот и претходно беше осветлен, но и покрај рефлекторите, големи делови од конструкцијата беа во темница. Затоа Општината, која е задолжена за одржување на крстот, летово на оглас бараше фирма која за 5.080.000 денари ќе изведе осветлување на крстот.
Крстот е висок 56,5 метри, со распон на краците од 34 метри, а на постаментот има 12 икони од дванаесетте апостоли. Целата конструкција е премачкана со златна боја, а местото околу крстот е уредено со зеленило, пешачки патеки, клупи и фонтана. Во внатрешноста на постаментот на крстот беше предвидено да се изградат две галерии, но поради тоа што просторот е тесен, пренаменет е за сместување на техничката опрема за крстот.
(Ан.С.)


Текстот е прочитан 1344 пати.
#
Во Кисела Вода реализирани 80 отсто од проектите
Сендвичи за луѓето на улица
И монтажните паркиралишта ја чекаат новата влада
ЈСП се враќа на 9-ка и 19-ка
Аби голтнал камен фрлен од посетител
Центар ќе ја урива дивоградбата на "Самоилова"
Со високи казни ќе се спречува паркирање на "Боемска 2"
Годинава подземни контејнери на 12 нови локации низ Скопје
"Паркови" привремено ќе пресели 14 дрвја од "Народен фронт"
Пцовиса Аби, братчето Кан остана само

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter