Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 09:40

ФУДБАЛОТ Е ЖИВОТЕН СТИЛ НА СРПСКАТА ФУДБАЛЕРКА И СУДИЈКА, ЈЕЛЕНА ПОЛИЌ

Дама во потпетици, воинка во копачки

Женскиот фудбал во светот буди ист жар кај љубителите на најважната споредна работа како и машкиот.

Голем придонес во развојот на женскиот фудбал во регионот дава Јелена Полиќ, фудбалерката и потпретседател на ЖФК Рад од Белград и фудбалски судија.
Како некој кој во толкава мера се посветил себесе на зелениот терен и некој кој основал два белградски женски клубови, Јелена има што да каже за овој спорт.
Неретко на стадион поминува по 15 часа дневно и било со тренинг било со судење се развива себеси. Со излегувањето на теренот Јелена од воин се претвора во дама, но нејзината љубов кон фудбалот не престанува и тогаш.
- Уживам гледајќи ракомет и атлетика, но фудбалот е нешто посебно. Тој е мојот животен стил - вели Јелена.
Мотото на машкиот клуб ФК Рад е "најдобрите во градот тренираат во Рад". Јелена за своите фудбалери направи мото "најубавите во градот тренираат во Рад".
- Мотото е повеќе од симпатично. Докажавме дека фудбалот и женственоста одат едно со друго. Коментарите се воглавно позитивни, иако има и такви кои мислат дека треба повеќе да играме отколку да се сликаме. Но, резултатите говорат за себе.
Јелена зборува за предрасудите во фудбалот откако работи како судија.



- Точно пет години сум фудбалски судија. На почетокот ме следеа предрасуди и реакции кога се појавував во жолтиот дрес, но сега има се повеќе девојки кои почнуваат судиска кариера. Веќе ми стана симпатично кога од трибините ќе ми дофрлат "оди дома готви" или "фудбалот не е за тебе". За разлика од фудбалерите кои често реагираат бурно на одлуките, девојките се џентлменски настроени. Фактите се јасни. Женскиот фудбал никогаш не може да биде машки поради физичките предиспозиции. Кога судам, допуштам погруба игра, а на нивните побуни велам "фудбалот е машка игра" - додава Јелена.
Фудбалерката нема проблеми да се вклопи во улогата на дама и воин.
- Двете едно без друго се незамисливи. Улогата на "воин" ми помогна да решам некои проблеми. Додворувачите се зачудени зошто сум избрала баш фудбал, но кога ќе ги видат моите листови се им е јасно. Не е тешко да се освои срце на фудбалерка, но партнерот мора да прифати дека фудбалот ми е на прво место во животот. Не постои ништо што е блиску до чувствата кои ми ги предизвикува фудбалот. Кога не играм фудбал, го судам, кога не судам, работам на решавање на фудбалски проблеми, кога не работам, гледам фудбал, кога не гледам, пишувам за него. Едноставно, фудбалот сум јас - заврши Јелена чии омилени фудбалери се Зинедин Зидан и Андреа Пирло, а смета дека Пеле е најдобриот во историјата.


Текстот е прочитан 1195 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter