Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.04.2017, 15:15

ТАНЦОВИОТ ТЕАТАР ОД ПЕКИНГ ВЕЧЕРВА ГОСТУВА НА "ТАНЦ ФЕСТ"

Кинеската претстава на Рисимкин во МНТ

Претставата "Р.Е.М - Низа од соништа" на Најн современиот танцов театар од Пекинг, Кина, во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, вечерва (20 часот) ќе се изведе на 13. "Танц фест" во Македонскиот народен театар.

Рисимкин, која е уметнички директор на "Скопје танцовиот театар и на фестивалот "Танц фест Скопје" лани работеше во Пекинг,како гостин кореограф во оваа компанија во мај и во август 2016 година.
Во претставата настапуваат танчарите на компанијата Танг Ѕупеј, Зан Ли, Зао Јин, Хан Лина, Мао Јинг, Пу Руи, Зао Веијуан, Ксу Зидонг, костимите се на Благој Мицевски, а музиката специјално подготвена за претставата е на групата "Љубојна".
"Претставата ја истражува РЕМ фазата на сонот, т.е. фазата во која сонуваме и нејзината физичка страна, како дел од потсвеста и нејзиното отелотворување. Патување низ еден интимен, имагинативен свет, кој не знаеме зошто и како се движи", вели Рисимкин.
Компанијата годинава е на европска турнеја, поддржана од проектот за културна размена на Пекиншкиот уметнички фонд, со цел да го презентира делото на Рисимкин.
Со оваа претстава тие ќе се претстават и на фестивалот Екзодос во Љубљана, како и во Холандија, во соработка со Новиот танцов центар и култниот центар Корзо во Хаг.

(Н.П.)


Текстот е прочитан 372 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter