Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.03.2017, 13:32

ЈУНАЈТЕД ГО ПУШТА СВОЈОТ КАПИТЕН БЕЗ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ

Руни сака само во Евертон, дури и за помала плата

Вејн Руни е подготвен да се врати во својот матичен клуб Евертон налето, иако тоа би значело играње за многу помала плата.

Како што објави весникот "Индипендент", 31-годишниот Руни е на излезни врати на Манчестер јунајтед и единствениот клуб што потоа доаѓал предвид е Евертон, од кој си замина пред 13 години.
Од почит кон својот капитен, Манчестер бил подготвен да го пушти без обесштетување, но само доколку Евертон му понуди неделна плата од 150 000 фунти. Тоа е за дури 80 000 фунти помалку од она што го добива сезонава на "Олд Трафорд". За Руни се интересира и Вест Хем, кој се обидува да го привлече со нешто поголема плата, но негова желба бил исклучиво Евертон и од клубот имаат навестено дека "договорот би можел да се случи". Поради желбата за останување во Англија, Руни зимоска одбил и мегапонуда од Кина.
Поради сè помалата минутажа во Јунајтед и падот на формата, Руни го загуби и репрезентативниот статус, па со овој трансфер се надева дека ќе избори место во тимот за Мундијалот 2018 во Русија.


Текстот е прочитан 915 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter