Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.02.2017, 13:06

СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА ПОП-ДИВАТА ВО ХРВАТСКА

Калиопи го расплака Загреб

Поп-ѕвездата Калиопи завчеравечер одржа спектакуларен концерт во Фабрика на културата во Загреб, Хрватка. Хрватските медиуми известуваат дека ова $ бил прв солистички концерт на Калиопи, на кој повеќе од два часа публиката уживала во прекрасните песни од нејзината блескава кариера.

"Овој концерт помина како во еден здив. Два часа едноставно пролетаа со прекрасната загрепска публика и со моите многубројни пријатели. Сфатив дека репертоарот, кој внимателно го избирав за својот прв концерт во Загреб и за турнејата со која продолжувам, навистина е совршен, едноставно публиката го пие, го голта", изјавила Калиопи веднаш по концертот, со извинување дека поради силните емоции и впечатоци, $ е тешко да зборува.
"Покрај ваква публика на концерт, човек не се троши, туку акумулира толку многу позитивна енергија и сила, така што сега веднаш, во овој момент можам да продолжам со турнејата", изјавила Калиопи.
Калиопи го отворила концертот со хитовите "Разбуди ме", "Љубичици", "Дали ме сакаш", "За само еден ден", "Дона", "Мелем" и други, но имало и акустичен дел, каде што ги испеала "Куфер на љубовта", "Родени" и други од првите албуми. На концертот на Калиопи присуствувале многу познати личности од хрватскиот јавен живот, како Тереза Кесовија, Алка Вуица, Миро Унгар со сопругата Сара, Јосип Радељак, кој дошол на концертот со ќерка си Лана, "Фрајле", Катарина Раутек, Јелена и Звоне Домазет, поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации Срѓан Керим, членовите на македонскиот хор "Езерки & 7/8" и други.
Публиката во текот на вечерта неколку пати заплакала, особено на емотивната песна "Ако некогаш падне снег" на Мирослав Рус и "Црни рози", која ја посветила на Тоше Проески. Загрепската публика, заедно со Калиопи, ја отпеала песната "Македонија". Концертот завршил со скандирање и еуфорија во публиката.
Калиопи продолжува со турнејата со настапите во Босна.


Текстот е прочитан 1351 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter